Наставничка по математика, која секогаш била „здрава и во форма“ во јуни отишла во болница жалејќи се на болки во стомакот и добила страшни вести дека има агресивен рак на слепото црево и дека ѝ остануваат уште неколку месеци од животот.
Саманта Вебстер, која никогаш не пушела цигари, не пиела алкохол и не „допрела“ дрога и планирала наскоро да забремени, ги разменила заветите со нејзиниот партнер Алек во болница во Шропшир.
33-годишната жена починала помалку од една недела откако се венчала со Алек и само десет недели откако ѝ била дадена дијагнозата.
Нејзиниот нов сопруг, кој досега не бил во можност да зборува за нејзината смрт ѝ оддаде почит преку фотографиите кои ги направиле на свадбата.
Ова е втората трагедија која го погодила Алек, откако неговата 18-годишна ќерка Ниони, од претходната врска, починала во 2016 година по двегодишната битка со леукемија.
38-годишниот Алек секој ден бил до креветот на Саманта и бил подготвен да направи сѐ за неговата сакана да ја добие венчавката која ја заслужува.
Денот на нивната венчавка вклучувал рачно изработени украси и фотографии и табла полна со спомени од нивниот заеднички живот.
Бизнисменот, од Њупорт, изјавил: „Венчавката беше многу емоционална за нас. Тоа беше нашиот најтежок но најубав ден. Сем беше толку посебна и за време на нејзиниот живот допре до многу луѓе во заедницата. На нејзиниот погреб имаше околу 300 луѓе. Таа беше неверојатна.“
Тој рекол дека и покрај тоа што поради ракот била изморена Саманта се смеела во текот на денот, окружена со персоналот на болницата, пријателите и семејството.
„Ракот ни ја зема толку брзо, но таа беше решена да ужива во нашиот голем ден.“, додава Алек.