Двегодишно девојче кое има толку сериозни пречки во развојот, што не може да оди, ползи или седи е наречено „малата сирена“ поради нејзината неверојатна способност да плива без никаква помош. Триесет и три годишната Мишел Кар и четириесет и четиригодишниот Џонатан Кар од Блидворт, Нотингемшир, биле поразени кога на нивната ќерка Евелин, или Еви, како што тие ја викаат, ѝ било дијагностицирано реткото мозочно нарушување пахигирија на петмесечна возраст.

ev01

Евелин ги покажувала сите симптоми на болеста – тежок застој во развојот, епилепсија, слаб развој и контрола на мускулите, потешкотии со хранењето и голтањето, како и мала глава (микрокефалија). Но, впечатливо е тоа што своето прво самостојно пливање го направила на осумнаесет месеци и продолжува да прави неверојатен напредок во своите пливачки способности.

ev02

Мишел вели: „Ми кажаа дека тоа е предизвикано од вирус со кој сум се заразила додека бев бремена и дека Еви веројатно никогаш нема да може да оди самостојно. Денот кога се роди беше вкочанета како штица. Си помисливме дека тоа е чудно и нѐ советуваа да појдеме на педијатар, но ништо не ни помогна. Дури по неколку месеци добивме дијагноза.“

ev03

Докторите ни објаснија дека вирусот кој го предизвикал нарушувањето е наречен цитомегаловирус, кој често е асимптоматичен – не покажува никакви знаци или симптоми. На Мишел и Џонатан им било кажано дека нема лек – но им препорачале физиотерапија и хидротерапија. Хидротерапијата е физиотерапија во вода којашто може да помогне во зголемуваењто на координацијата, да ја одржува и зголемува еластичноста и опсегот на движење и да ги зацврсне мускулите. Исто така, топлата вода помага при ублажување на болките од мускулните грчеви.

ev04

„За жал, хидротерапијата не беше достапна во Државната болница“, вели Мишел, „па така, кога Еви наполни шест месеци, почнавме да бараме базен кој би можел да одговара на нејзините потреби. И тогаш налетавме на Водени Бебиња.“

Мишел и Џонатан разговарале со Мери, управител на локалната програма Водени Бебиња, и ѝ кажале за медицинските проблеми на Еви. Мери ги уверила дека програмата ќе биде совршена за неа. Мишел исто така имала добро претчувство дека базенот ќе ѝ помогне на Еви, едноставно од тоа што го видела дома.

ev05

„Еви отсекогаш ја сакаше водата“, вели тоаа. „Таа отсекогаш сака да се капе и тушира. Можевме да видиме дека тоа ѝ дава чувство на слобода – нејзините рачиња и ножиња добиваат нов живот кога се во вода.“

Но,и покрај тоа биле вознемирени при нејзините први часови во базенот. „Џонатан и јас бевме толку возбудени кога гледавме како Еви влегува во водата, но исто така бевме многу вознемирени бидејќи бевме несигурни како другите во групата ќе реагираат на Еви и нејзината попреченост. Ја облековме во нејзиниот розов костим за капење и ја гледавме другата претходната група додека го чекавме нашиот ред. Еви веќе беше многу возбудена, се насмевнуваше и смееше. И тогаш ни дојде редот. Кога влеговме во базенот и ја почувствувавме топлата вода на нашите тела, нејзиното мало тело се опушти во моите раце. За првпат, нејзините мускули повеќе не беа вкочанети и можеше слободно и свесно да ги движи рацете и нозете. Дури и на нејзиното лице можеше да се види олеснување. Беше волшебно.“

ev06

Нервозата на Мишел бргу ѝ минала. „Сите други мајки и татковци беа супер и полни со разбирање“, раскажува таа. „Прашуваа за Еви, но јас радо им одговарав и сфатив дека нема за што да се грижам.“

Како што неделите и часовите по пливање одминувале, самодовербата на Еви растела, како и нејзината сила – и не само во вода, туку и надвор од неа.

„Почна и повеќе да испушта гласови – вежбањето во водата ги зајакна нејзините бели дробови и таа почна да прави нови звуци. Почна да ги шири рацете кога лежи на нејзиното стомаче, како на штицата за пливање кога вежбаме во базенот. Не бевме единствените кои го забележавме тоа – нашиот физиотерапевт исто така ја забележа разликата. Мускулите на Еви зајакнуваа и тоа брзо.“

ev07

Еви станала вистинско водено бебе и кога наполнила осумнаесет месеци, го направила своето прво самостојно пливање.

“Срцето почна да ми бие кога таа почна да ги движи своите раце и нозе најбрзо што може и заплива кон мене. Не можев да верувам – нашето девојче кое не може да седи, ползи и оди, можело да плива. Сите други мајки навиваа, беше толку емотивен момент. Еви навистина е нашата мала сирена.“

Еви сега има две години, и иако сѐ уште не може да седи или ползи, таа плива секоја седмица и продолжува да остварува одличен напредок.

ev09 ev10

„Навистина верувам дека ако не беа Водените Бебиња, Еви ќе мораше да мине низ многу повеќе медицински интервенции за да ѝ се помогне на нејзината церебрална парализа и нејзините грчеви. Но, и не е само медицинскта страна на нештата, се работи и за тоа што Еви беше вклучена во социјална група во која сите имаа еднакви способности и еднакви можности за постигнување.“

ev15

Семејството сега собира пари за хидротерапевтски базен за Еви, кој би можела да го ползува дома, особено кога ќе биде преголема да учествува во групата Водени Бебиња.

„Имаме уште многу за собирање, но кога ќе успееме да го направиме базенот, би сакале и други деца да ѝ прават друштво на Еви“, споделува Мишел. „Забележавме толку голем напредок кај нашата ќерка што сакаме и други деца, кои не можат да си го дозволат тоа, да имаат полза на ист начин.“

 

Сподели на Facebook
пати видено