Од НАСА јавуваат: „Астрономите се на дофат да откријат нешто за што луѓето сонуваат илјадници години – друга Земја! Телескопот Кеплер откри планета во Млечниот Пат која е многу слична на Земјата, на којашто можеби и ма вода – основната состојка неопходна за живот таков каков што го знаеме. Благодарение на телескопот Кеплер, во минатото се откриени над 1000 нови планети.

novazemja

Новооткриената планета е „поголема, постара роднина на нашата планета“ со атмосфера која може да содржи вода, што претставува основна можност на неа да има живот. Егзопланетата којашто е околу 60 проценти поголема од Земјата е првата помеѓу 1000-планети откриени од Кеплер којашто ги исполнува условите за развој на живот, пред сѐ се мисли на поволната оддалеченост на планетата од своето сонце, што овозможува водата да биде во течна состојба. Се проценува дека новооткриената планета е стара околу шест милијарди години – околу 1.5 милијарди години постара од нашето сонце, што остава широка можност за шпекулации за тоа дали и каков живот постои на таа планета.

novazemja2

   Nasa-7

Од НАСА велат дека планетата би имала двојно поголема гравитација од таа на Земјата и дека годината таму би траела 385 дена. „Додека нејзината маса и состав сѐ уште не се определени, претходните истражувања сугерираат дека за планетите со големина на Кеплер 452b има силна веројатност дека се со карпест состав.

Научниците велат дека староста на сонцето на новата планета нуди увид во иднината на нашата Земја. Имено, Кеплер 452b прима десет отсто повеќе енергија од своето сонце, бидејќи тоа свети посилно, па според тоа планетата веројатно доживува ефект на стаклена градина.

Nasa-2

Д-р Даг Колдвел, експерт од институтот SETI во Калифорнија и учесник во проектот, вели: „Зголемената енергија од нејзиното сонце кое старее можеби ја загрева површината и предизвикува испарување на океаните. Водата која испарува засекогаш исчезнува од планетата. Кеплер 452b можеби го доживува сега тоа на што Земјата ќе биде подложена по милијарди години, бидејќи и нашето сонце старее и станува сѐ посјајно.

Следниот чекор на НАСА е да насочи повеќе телескопи кон новата планета, за да се дознае повеќе за составот на планетата и за тоа дали содржи вода. Запрашани дали во иднина би можела да биде испратена сонда, или еден ден дури и да се отпатува таму, научниците беа претпазливи со одговорите.

Џеф Кафлин, еден од научниците кои учествуваат во проектот, изјави: „Ова е првиот чекор на човештвото. Јас и вие нема да патуваме на овие планети. Но, децата на децата на нашите деца можеби и ќе патуваат.“

Nasa-4

Доколку пресметките на астрономите се точни, околу секоја петта ѕвезда во нашата галаксија која наликува на сонцето постои планета со потенцијал за живот. Тоа би можело да значи дека има десетици милиони (или дури и милијарди) планети во нашата галаксија на коишто можеби има живот.

Сподели на Facebook
пати видено