Со неверојатните нови научни откритија, целосниот број на познатите планети надвор од сончевиот систем (егзопланети) се удвои пристигнувајќи до бројката 3200. Откриени од вселенскиот телескоп Кеплер, се смета дека меѓу ова богатство од планети има најмалку 550 карпести, земјовидни планети, од коишто девет се потенцијално населиви. Исто така, телескопот нашол и други 1327 кандидати кои би можеле да бидат планети.
„Пред лансирањето на вселенскиот телескоп Кепрел, ние не знаевме дали егзопланетите се реткост или се честа појава во галаксијата“, вели Пол Херц, директор на одделението за астрофизика при НАСА.
„Благодарение на Кеплер и на истражувачката заедница, ние сега знаеме дека би можело да има повеќе планети отколку ѕвезди. Ова знаење ги снабдува идните мисии со инфромации кои се потребни да се доближиме уште повеќе до сознанието дали сме сами во универзумот.“