За време на вселенската програма Аполо, астронаутите се соочиле со многу непознати опасности, изведувале научни експерименти, управувале со вселенско летало, чекореле по површината на месечината и виделе глетки, слушнале звуци и почувствувале дразби кои другите луѓе никогаш не ги почувствувале. Покрај сето тоа, тие биле замолени да направат неколку илјадни фотографии од практично секој миг за време на нивното патешествие, со помош на модифицирана Хаселблад камера.
Минатиот пат НАСА го качи на интернет целиот каталог од 8400 фотографии од мисијата Аполо, почнувајќи од Аполо 7, првиот пробен лет управуван од луѓе во 1968, па се до Аполо 17, последната мисија на месечината во 1972 година. Ние вообичаено сме навикнати да ги гледаме сликите со Баз Олдрин и со стапките од чизми при мисијата Аполо 11, но сега човештвото ќе може да види најразлични моменти од целото патешествие.
Сите тие се достапни на фото-архивата на проектот Аполо на Фликр.