Леталото на НАСА, МРО, успеа да опфати многу интересен настан во близина на Северниот пол на Марс. Вселенското летало опфати лавина која подига голем црвен прав со помош на својата неверојатна камера HiRISE (High Resolution Imaging Science Experiment).
На фотографијата може да се види како блоковите од мраз се спуштаат низ карпа од 500 метри кревајќи прашина на стопениот терен под нив. Регионот е на само 370 километри од Северниот пол на Марс. Секоја пролет, сонцето сјае на страната на слоевите на Северниот пол на Марс, познато како северно поларен слој на наслаги. Топлината го дестабилизира мразот и блоковите се топат.“, објаснува Кенди Хансен од Универзитетот во Аризона.
Лавината е извонреден и важен настан за набудување, топењето на поларната капа е сосема нормално. Годишните времиња на Марс траат двојно подолго од годишните времина на Земјата и од март, северната хемисфера на Црвената планета ужива во пролетното време. Сепак, пролетта ќе заврши наскоро со летната долгоденица која се случува на 8 октомври.