Високо на крошните на индонезиските дождовни шуми во Папуа, народот Короваи живее толку изолирано од останатиот свет што за нивното постоење не се знаело сѐ до 1970 година.
Длабоко во индонезиската прашума во југоисточниот регион Папуа живеат околу 3000 жители на дрва живеат во куќи изградени на височина од повеќе од 100 метри, целосно изолирани од останиот свет.
Наречено Короваи, ова племе е толку отсечено од другите култури што до 1970 година не ни знаеле дека на Земјата живеат и други луѓе. Во 1974 година, западните истражувачи го воспоставиле првиот контакт со племето кога налетале на 30 Короваи мажи на јужниот брег на реката Горен Еиланден.
По првото среќавање, Короваите ѝ биле претставени на западната јавност преку антрополошки истражувања и документрани филмови како „Господари од Градината“. Така племето станало добро познато по свјата исклучителна вишна архитектура, но и по практикувањето на канибализам.
Короваите почнале да ги градат своите домови на колци за да ги спречат ривалските кланови да ги поробат или да ги изедат нивните жени и деца. Градбите, кои се извишуваат и до височина од 35 метри, исто тоака помага семејствата да се заштитат од комарци, пожар, поплави и лоши духови.
Живеалиштата се изградени употребувајќи ги блиските банјан, ванбом и саго дрвја, примитивни алатки и исклучителните вешнити за качување. Започнуваат со еден колец во средината на структурата, и потоа додаваат колци на секој од четирите агли на куќите.
Потоа се гради подот од гранки од саго дрвја врзани со лијани. На крајот се додава уште еден кол кој служи како скала за големото семејство коешто ќе живее во новото живеалиште. Куќите вообичаено траат околу пет години, и потоа градат нови.
Кога ќе се изгради нов дом, тој се благословува по коровајската традиција. Се мачка животинска маст на скалите и влезот. Се додаваат и огништа, иако луѓето се доволно внимателни да направат и излези за итни случаи, во случај куќата да се запали.
Секое живеалиште вдомува десеттина членови, организирани по патријархална линија. Браковите се склопуваат помеѓу припадници на различни кланови и на мажите им е дозволено да имаат повеќе жени.
Покрај нивните куќи на дрво, за Короваите многу се пишувало и поради тоа што се едно од последните племиња кои практикуваат канибализам, иако повеќето антрополози сметаат дека последните дваесет години таа традиција не се применува.
Кога се применувал канибализмот, обичајот бил поврзан со нивните религиски верувања за смртта и црната магија. За тие кои биле јадени се верувало дека биле вештери и вештерки опседнати од демонот Какуа. Селаните на умирање кои ќе го прошепотеле името Какуа ќе биле убиени и изедени.
Иако Короваите биле изолирани со децении, последните поколенија почнуваат да се селат во околните села на островот за кој се проценува дека е населен од 3000 луѓе.