Полициска станица од Охајо, САД, споделила вознемирувачки слики на кои се гледаат маж и жена кои наводно се предозирале со хероин пред очите на нивниот четиригодишен син. Властите велат дека решиле да ги објават овие слики во јавност за да ја кренат свеста за хероинската епидемија во државата, и исто така да ги одвратат луѓето од употреба на дрога додека се грижат за деца. Зависноста од опијати како хероин, морфин, фентанил и кодеин во САД достигнала размери на вистинска епидемија во последните неколку години. Во Охајо, една од државите најтешко погодена со распространетоста на наркоманија, минатата година имало 3000 случаи на предозираност, во просек осум случаи дневно.
„Сосема сме свесни дека некои би можеле да се најдат навредени од овие слики и за тоа ни е навистина жал, но време е делот од јавноста кој не употребува дрога да види со што секојдневно се справуваме“, се вели во коментарот кон сликите. „Отровот познат како хероин цврсто зграпчил многу заедници, не само нашата, но разликата е во тоа што ние сме волни да се бориме со овој проблем сѐ додека не го снема и ако тоа значи да навредиме неколку луѓе, тогаш сме подготвени да се справиме и со тоа.“
Полицаец од Источен Ливерпул возел ов авенијата Сен Клер околу 15:11 во четврток, кога забележал темен Форд Експлорер со таблички од Западна Вирџинија кој возел неконтролирано за на крајот да запре во близина на училишен автобус од кој излегувале деца. Кога полицаецот му пристапил на возилото, забележал дека возачот, идентификуван како 47-годишниот Џемс Акорд изгледал како да е под дејство, главата му паѓала напред назад, а неговиот говор бил речиси неразбирлив. Акорд му кажал на полицаецот дека ја возел 50-годишната Ронда Пасек во болница. Жената била свиткана на патничкото седиште. Потоа Акорд се обидел да избега, но во исиот миг полицаецот посегнал и ги извадил клучевите од возилото. И тогаш го забележал нивното четиригодишно дете на задното седиште.
Лекарите кои биле повикани на местото на настанот им вбризгале наркан – лекарство кое се употребува како противефект на предозираност со хероин, а потоа ги однеле во болница. Акорд подоцна бил казнет за управување со возило под дејство на опијати и доведување на малолетник во опасност.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!