Јас сум студент кој нема никакво искуство со дрводелство или пак компјутери. Но, бидејќи повеќе сакам десктоп компјутери од лаптоп, минатото лето решив да започнам еден проект. Кога веќе трошам толку пари на компјутерски компоненти, би можел да потрошам и малку време да си направам куќиште. Ова можеше да се направи многу побрзо, но на располагање имав само основни алатки како длето и турпии. Како и да е, среќен сум со конечниот резултат и му препорачувам на секого кој самиот сака да си состави компјутер. Полесно е отколку што изгледа.
Еве како изгледа тоа, и вие би можеле сами да си изработите куќиште за вашиот компјутер
Почетокот на проектот. Во локална работилница прашав дали можат да ми направат специјална рамка од дрво со димензии 420х420mm. Неколку недели подоцна, дома ми стигна ова.
Употребив длето за да го отстранам непотребното дрво и потоа ги измазнив рабовите со помош на брусалка.
Ги вградив вентилаторите. Тие само се заглавени во рамката. Употребив турпија за да направам отвор за нив, кој ќе биде толку голем колку да можат да се вметнат.
Инсталирањето на контролите не беше лесно. Рамките им беа преголеми и морав да ги исечам и измазнам.
Купив алуминиум во локална железара, кој потоа го исеков и измазнив до потребните димензии.
Следниот чекор беше да го вградам напојувањето.
Преку интернет нарачав црн плексиглас со димензии 390х390х5mm, и како и со алуминиумот, со турпија ги измазнив рабовите за да може да се вгради во кутијата.
Потоа го прицврстив и капакот, употребувајќи мали завртки и шајбни.
На капакот го прицврстив прекинувачот.
Панелот за влезовите и излезите е само заглавен во кутијата.
Отпрвин планирав нозете да ги направам од алуминиум, но решив и тие да бидат од дрво.
И крајниот резултат.
Вградив и LED диоди, но нив ретко ги вклучувам.