Замислете си го ова сценарио: После долго штедење, најпосле сте си приуштиле да си го купите телевизорот кој веќе долго време го меркате. Телевизор со разни специјални функции кои сѐ уште не ги разбирате, но сепак сте возбудени – конечно е ваш. Тогаш, зошто изгледа толку грозно во вашата дневна соба?
Дали затоа што преголем? Не, никогаш не може да биде преголем.
Дали затоа што се наоѓа на подот, поставен на куп книги на кои веќе никогаш нема да се сетите? Да, купете си ѕиден носач.
Потоа, кога сте го монтирале, пак нешто не е како што треба и како што сте си замислувале дека ќе биде. Што ли е тоа, си мислите чешајќи си ја главата… Каблите! Изгледот на секој јак електронски сет може да биде уништен со мноштвото кабли околу и под него. Па така, погледнете го ова генијално решение.
Пред…
…потоа
Ако имате ѕиден носач за вашиот телевизор, прицврстете ја сета придружна електроника за него (ако е потребно, направете лесна рамка која ќе ја прицврстите на носачот). Свиткајте ги каблите колку што можете поуредно за да не ви се заплеткуваат. Откако сѐ сте поврзале и приклучиле, ви останува само да мислите на кабелот кој треба да го приклучите во приклучницата за струја.
Задната страна на носачот. Во зависност од тоа колку е голем носачот, би требало да имате доволно простор за сѐ што ви треба. ВНИМАВАЈТЕ да обезбедите доволно простор за вентилација, бидејќи не би сакале да предизвикате пожар или краток спој!