Село. Ноќ. Сите спијат. Во средината на дворот има маса со четири празни шишиња од домашна и еднo полупразнo. Околу масата молчат и седат четворица мажи во напната атмосфера. Само внимателно се гледаат еден со друг. Лицата им се намуртени. Пушат. Одеднаш се слуша кучешко лаење.
Еден радосно скокнува и кревајќи чаша со растреперен глас извикува:
– E, за Шарко!