Колку и да звучи неверојатно насловот, токму тоа се случи на плоштадот на кинескиот градот Урумчи. Лиу Феи и неговата девојка го виделе каменот кај некој колекционер и многу им се допаднал. Колекционерот тврдел дека тоа е метеорит кој паднал од небото. Колекционерот му го продал каменот на романтичниот Кинез за 140.000 евра, го поставиле на плоштадот на градот, го покриле како подарок и шоуто можело да започне. Лиу Феи на каменот ја потрошил целата заштеда што ја имал за да си купи стан. Неговата избраничка рече „ДА“ на овој „романтичен“ гест.