Секоја година благодарение на науката сме сведоци на неверојатни откритија кои ни даваат повеќе информации за неверојатниот свет во кој живееме, иако мислевме дека сѐ е веќе одамна откриено.
Науката е фасцинантна и многу често докажува дека нешто што некогаш било само фантазија, сега е реалност, а за тоа сведочат и најзначајните откритија за минатата година.
Вештачкото сонце на Кина
Во 2018 година, експерименталниот реактор Токамак достигнал температура од 100 милиони Целзиусови степени. Ова беше дело на истражувачите на Hefei Институтот за физички науки. Нивното достигнување го возбуди светот, бидејќи температурата на најжешкиот објект во нашиот сончев систем – Сонцето е „само“ 15 милиони степени целзиусови во внатрешноста. Експертите шпекулираат дека 100 милиони Целзиусови степени е најниска температура која ќе биде потребна за самоодржлива нуклеарна фузија на Земјата.
Езеро од течна вода на Марс
Под површината на Јужниот Пол на Марс беше откриено огромно течно езеро со вода. Откритието е по заслуга на истражувачи од различни европски универзитети. Италијанскиот радар МАРСИС, кој беше монтиран на сондата Марсекспрес, беше искористен за откритието. Водниот слив е длабок 1,5 километри и има дијаметар од околу 20 километри. Езерото е заштитено од космички зраци и „одговара на условите за евентуално постоење на форми на живот“.
31-километарски кратер во Гренланд
Радар на американски научници откри огромен метеоритен кратер со големина на Париз под мразот на Гренланд. Се вели дека метеоритот се судрил со Земјата пред 12.000 години. Кратерот е дел од листата на 25-те најголеми слични формации на нашата планета и е првиот кратер од овој вид, кој е пронајден во Гренланд и воопшто под ледена покривка. 31 километар – тоа е широчината на кратерот, под глечерот Хиавата.
Фотони во вселената
Во 2018 година, истражувачот Марко Ажело од Универзитетот Клеменс во Соединетите Американски Држави го пресметал количеството светлина во универзумот. На кратко досега во универзумот биле емитувани 4 × 10 ^ 84 фотони. Или:
4,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000. Студијата се базира на светлината на сите објекти – микробранова космичка позадина што некогаш постоела во универзумот.
Првите генски модифицирани бебиња се родени
Минатата година, првите вештачки модифицирани гени во светот беа успешно креирани. За новородените близнаци, беше задолжен кинескиот научник Хе Џианкиу, кој работи на Јужниот универзитет за наука и технологија во Шенжен. Детската ДНК е модифицирана преку уредувачот на ДНК CRISPR, кој се смета за револуционерен поради неговата лесна употреба во уредувањето на гените. Да не заборавиме дека е исто така е евтино. Експериментот беше успешен, а децата имаат природен имунитет за вирусот ХИВ. Како резултат на модификацијата, започнаа многу дебати, но Кинезите продолжуваат да веруваат дека ние на овој начин ќе се справиме со голем број на болести.
Длабочините на Земјата изобилуваат со живот
Пресметките покажуваат дека околу 70 проценти од Земјините микроби живеат во нејзините длабочини, во карпи кои до неодамна се сметале за стерилни. Стотици под-континентни и морски примероци се земени за да се одреди колку животот има во длабочината на земјата. Така, еден јапонски брод зема примероци од непознати микроби од длабочина од 2,5 километри од слој стар 20 милиони години. Копнени дупчења беа направени на длабочина од 5 км за да се земат примероци од рудниците. На овие модели беа изработени екосистемски модели и пресметана беше приближна длабочина на длабоката биосфера. Така се појавува теоријата дека сосема е можно да има живот и на други планети како што е Марс.
Откриен е најголемиот организам на планетата
Тоа е габа која расте во северниот дел на државата Мичиген. Истражувањето е на американскиот научник Метју Тоб кој открил дека габата е многу поголема и постара отколку што претходно се мислело. Муцелиумот(подземното тело на печурката) тежи над 440 тони и опфаќа 37 хектари површина. Ова е приближно со тежината на три сини китови.