Еден од највредните примероци на Форд Мустанг беше пронајден напуштен во полето. Автомобилот со ознака Shelby GT500 EXP 1968, е еден од двата прототипи создадени во 1967 година, кои недостасуваат со децении. Првиот, наречен “Зелена оса” поради бојата на каросеријата, неодамна беше обновен и однесен на аукција и за него беа побарани дури 1,8 милиони долари.

Аукционерот Барет-Џексон беше одговорен за пронаоѓање на ова парче кое недостасуваше со години, кое сега е наречено „Малото црвено“. Како што покажуваат сликите, Мустангот бил напуштен неколку години, без да му се обрнува внимание, па затоа е во прилично лоша состојба.

Овој примерок веќе е сертифициран и автентициран од специјалист Кевин Марти и наскоро ќе биде вратен во првобитната состојба. Меѓутоа, и покрај тоа што има едногласие меѓу експертите дека ова е еден од најретките Мустанзи што можеме да ги најдеме, никој сигурно не знае колку може да вреди. Единствената сигурност е дека секој што ќе го купи ќе треба да плати повеќе од 1,5 милиони евра.

Сподели на Facebook
пати видено