Ако побараме на интернет кои се највлијателните говори, ќе откриеме многу кажани од мажи. Во интерес на вистината, тоа е логично. Сепак, во текот на поголемиот дел од историјата жените биле видени, но не и слушнати. Кога сепак почнале да зборуваат, станува јасно дека зборовите на жените можат да го променат светот. Овие жени навистина го направиле тоа:
1. Соуџурнер Трут
Трут била спасена робинка, феминист и активист. Таа го кажала влијателниот говор во Охајо во 1851 година на Конвенцијата за правата на жените. Нејзините зборови биле насочени кон политичарите кои сметале дека жените се нерешителни и интелектуално послаби од мажите. Таа изјавила: „Ако првата жена која Господ создал, била доволно силна за да го сврти светот наопаку, денес сите овие жени заедно треба да се способни да се свртат светот во вистинската насока повторно! Сега жените сакаат да го направат тоа, а мажите подобро е за мажите да им го дозволат тоа!“
2. Малала Јусафзаи
Малала на 11 години почнала да зборува за животот под режимот на талибанците. На 15 години била застрелала во главата од нивен приврзаник. По рехабилитацијата таа продолжува да се бори за правата на жените и за нивен пристап до образование. На 17 години станала најмладата личност која добила Нобеловата награда за мир.
Ова се нејзините зборови: „Тие сметаат дека Бог е слабо, малку и конзервативно суштество кое би насочило оружје кон главите на луѓето само поради тоа што сакаат да одат на училиште. Овие терористи го злоупотребуваат името на исламот за своја лична корист. Пакистан е мирољубива демократска земја. Пакистанците сакаат едукација за своите ќерки и синови. Исламот е религија на мирот, човештвото и братството. Обврска и одговорност е секое дете да добие едукација, тоа е она што го вели исламот.“
3. Хилари Клинтон
Пред Хилари Клинтон да се претвори во политичка сила, таа одржала говор во Пекинг на 5.09.1995 година. Пораката на говорот одекнала низ целиот свет и се претворила во основен елемент на демократската политика – „Правата на жените се човекови права“.
„Додека дискриминацијата и нееднаквоста остануваат толку вообичаени насекаде во светот, додека девојките и жените се ценети помалку, хранети помалку, совладани од работа, недоволно платени, необразовани, подложени на насилство во и надвор од своите домови, потенцијалот на човечкото семејство да создаде мирен, просперитетен свет, нема да биде реализиран.“
4. Аунг Сан Су Чи
Аунг Сан Су Чи е мианмарски политичар. Таа организирала мирни протести, борејќи се за граѓански права. Ставена е во домашен притвор во 1988 година, кој продолжува цели 15 години. Во 1991 година е наградена со Нобелова награда за мир, но поради домашниот притвор нема можност да одржи својот говор до 2012 година.
„Секоја добрина која ја добив мала или голема, ме убеди дека во нашиот свет никогаш нема да има доволно од неа. Да бидеш добар значи да реагираш со чувствителност кон човечката топлина, кон надежите и потребите на другиот. Дури најкраткиот допир до добрината може да ублажи тешко срце. Добрината може да го промени животот на луѓето.“
5. Мари Колвин
Мари Колвин била воен дописник која го посветила целиот свој живот на тоа да им го покажува на луѓето крвопролевањето и безнадежноста кои доаѓаат со насилството, спонзорирано од државата. Таа го губи видот на едното око за време на напад во Шри Ланка во 2001 година. Во 2010 година Колвин одржала говор во спомен на новинарите кои го жртвувале животот за својата професија. Две години подоцна е убиена додека прави репортажа за војната во Сирија.
„Иако сите видеа кои ги гледате од Министерството за одбрана или од Пентагон, како и целиот „дезинфициран“ јазик, опишувајќи ги бомбите и нападите, сцената на војната останува иста од пред стотици години. Кратери. Изгорени куќи. Осакатени тела. Жени, расплакани за децата и нивните сопрузи. Мажи, расплакани за своите сопруги, мајки и деца.“
6. Чимаманда Нгози Адичи
Писателката Чимаманда Нгози Адичи сака да потсети дека борбата за еднаквост е глобална – за секој пол, земја и раса.
„Ние ги учиме девојките на срам. „Затвори ги нозете!“, „Покриј се!“. Ги прекоруваме и правиме да се чувствуваат дека со фактот дека се родени како девојки веќе се виновни за нешто. Така тие стануваат жени кои не можат да кажат дека имаат желби. Се претвораат во жени кои сами се принудуваат да молчат. Се претвораат во жени кои не можат да кажат што всушност сакаат. Се претвораат… и тоа е најлошото нешто што можеме да им го направиме на девојките, се претвораат во жени за кои стремежот стана уметност.“