Смртта ги повикала своите најверни слуги и им се обратила:
„Решив да ја оставам мојата кралска круна на оној од вас кој ми служел најдобро.“
Гладот станал, се поклонил и рекол:
„Круната ми припаѓа на мене, јас не го чекав времето да дојде. Го правам тоа уште од првиот ден кога настана светот.“
„Твоето е ништо“, рекла Војната. „Во еден ден соборувам илјадници и илјадници луѓе. Кралската круна треба да ми припадне на мене.“
„Вие сте чудни!“ Извикала нетрпеливо Чумата. „Јас ги косам луѓето како муви каде и да поминам. Зацрнувам цели држави. Јас ја заслужувам круната.“
Тогаш Смртта рекла:
„Вие сте добри и верни вработени. Точно е дека убивате многу луѓе, но тие бегаат од вас. Но, постои еден кај кој луѓето доаѓаат доброволно. Тој ги забавува. Тој ги поздравува. И во моментот кога ќе помислат дека уживаат во животот ги става во опасност. Кога ќе се заборават, ножевите ги ставаат во свои раце и тие меѓусебно се убиваат. Потоа ја трујат нивната крв и им ги косат животите. Така прави целиот свет.“
Сите погледнале кон една гадна и неугледна фигура.
„Круната е твоја!“ – пресудила Смртта и го прегрнала Пијанството.