Денес научните експерименти се контролираат од повеќе регулаторни тела за да се запазат извесни етички стандарди во истражувањата и тестирањата, но овој систем не секогаш бил присутен за да ги заштити луѓето и животните заморчиња.

Еве преглед за најсуровите и најужасните нехумани научни експерименти низ историјата.

Зигмунд Фројд и случајот на Ема Екстајн

izm01

Ема Екстајн била еден од најзначајните пациенти на Зигмунд Фројд, снабдувајќи го со голем број сознанија при неговото проучување на хистеријата. Таа била подложена и на бројни вознемирувачки медицински експерименти од страна на Вилхелм Флис, пријател на Фројд и хирург кој верувал дека хистеријата може да се излекува со каутеризација на носот (техника со која крвните садови се горат со помош налектрична струја, сребрен нитрат или во поново време со ласер). Операциите за Екстајн биле катастрофални, обезличувајќи ја за навек и предизвикувајќи ѝ бројни инфекции.

Нацистичките експерименти

izm02

Веројатно најозлогласените експерименти со луѓе во историјата се тие спроведени од страна на нацистите за време на холокаустот. Затвореницит во концентрационите логори, најчесто Евреи, биле подложувани на широк спектар ужасни експерименти, од тестирање на техники на пресадување, проучувања на повреди и болести до тестирања на хемиско оружје. Експериментите често се базирале на нацистичката идеологија за расната инфериорност, и општо земено не дале некои значителни резултати.

Единицата 731

izm03

Единицата 731 била аналогот на нацистичките експерименти со луѓе и била дел од тајно истражување за можностите на биолошко и хемиско војување како дел од арсеналот на јапонската армија, при што се вршеле експерименти врз луѓе, главно врз кинеските затвореници за време на јапонската окупација на Кина во текот на Втората светска војна. Биле мачени и убиени до 12.000 мажи, жени и деца во текот на разни сурови експерименти кои вклучувале сецирање, силувања и присилни инфекции со сифилис.

Лабораторијата за отрови на советските тајни служби

izm04

Низ поголемиот дел од нејзината историја, советската тајна служба одржувала тајна и незаконска лабораторија во која развивале отрови кои се употребувале во политичките атентати. Најразлични хемикалии како иперит, рицин, дигитоксин и кураре биле тестирани врз затворениците од огромниот советски затворенчки систем наречен гулаг, при што бројот на убиени луѓе не е познат. Овие отрови потоа биле давани на КГБ и биле употребувани при атентатите на политички личности низ Европа.

Проектот МКУлтра

izm05

Проектот МКУлтра било кодното име на незаконската програма на експерименти врз луѓе, осмислена и изведена од страна на CIA во текот на периодот од 50-те до 0-те. Програмата се фокусирала врз производството на дроги и процедури кои би биле употребувани при испрашувања и измачувања, а се истражувала и возможноста на контрола на умот. МКУлтра користела најразлични методологии на манипулација на менталната состојба на 149 субјекти во разни затвори, болници и универзитети, при што се употребувале дроги како LSD, заедно со хипноза, изолација, лишување од сетилни дразби, вербално и сексуално злоставување, како и најразлични видови на измачувања.

Проектот 4.1

izm06

Проектот 4.1. бил медицинскот истражување спроведено од страна на САД врз жителите на Маршалските острови кои биле изложени на радиоактивност при нуклеарниот тест изведен на 1. март 1954 на Бикини, дел од Маршалските острови. Владата на САД тврдела дека тоа изложување на радијација била случено, но без разлика на тоа, тие никогаш не добиле согласност од страна на самите луѓе врз кои биле вршени испитувањата, и многу од нив претрпеле последици од истите тие испитувања.

Јамата на очајот

izm08

Во седумдесеттите, американскиот компаративен психолог Хари Харлоу спровел експерименти врз макаки мајмуни во универзитетот на Висконсин-Медисон, сакајќи да произведе животинска варијанта на клиничката депресија. Уредот кој тој го создал самиот го нарекол „Јама на очајот“ и се состоел од изолациска комора во која мајмуни стари од три месеци до три години биле затворани сами во траење до три седмици. По неколку дена, мајмуните престанувале да се движат и останувале стуткани во аголот. Експериментите на Харлоу биле жестоко осудени од страна на јавноста.

Експериментот со двоглавите кучиња

izm09

Во педесеттите години, советскиот научник и пионер во пресадувањето органи Владимир Демиков извел најразлични експерименти врз кучиња, вклучувајќи и трансплантација на дополнителна глава, создавајќи на тој начин двоглави кучиња. Кучињата не ги преживеале овие процедури, но ова истражување поттикнало слични експерименти спроведени одстрана на д-р Роберт Вајт, кој пресадувал глави на мајмуни.

Експериментот со сифилис во Таскиги

izm10

Експериментот со сифилис во Таскиги било клиничко истражување спроведено во периодот од 1932 до 1972 од страна на Јавната здравствена услуга на САД, со ел да се проучи природното напредување на сифилисот ако тој не се лекува, особено помеѓу селското црно население во Алабама. За време на истражувањето, луѓето биле наведувани да веруваат дека добиваат бесплатна медицинска нега од страна на владата. 600 луѓе биле вклучени во истражувањето, од коишто на стотици им бил дијагностициран сифилис, но намерно не биле лекувани. Голем број од жртвите починале од болеста и заразиле и други луѓе. Во 1972 информации за оваа суровост протекле во јавноста и по серија сослушувања во Конгресот биле воведени построги правила во врска со истражувањата финансирани и спроведувани од владата на САД.

Проект за одбивност

izm11

Помеѓу 1971 и 1989, јужноафриканската влада спровела медицинска програма со која сакала да ја излекува хомосексуалноста. Програмата била предводена од страна на проф. Обри Левин, и експериментите биле вршени врз војници кои биле подложувани на хемиска кастрација и електрични шокови, со помош на кои се целело кон тоа да се излечи нивната хомосексуална состојба, против нивна волја. Потоа биле пуштани во цивилство, често без да ги завршат самите процедруи и без никаква медицинска помош или поддршка.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено