Цели три години таа не проговорила ни збор, општејќи единствено со помош на слики. Дијагностицирана со аутизам, Коко Бредфорд започнала да зборува на двегодишна возраст – за набргу потоа целосно да замолчи. Но, оваа недела нејзината тишина прекинала кога одеднаш, со никакво претходно навестување, ги замолила своите запрепастени родители со зборовите „уште малку тост, ве молам“.

Нејзината мајка, 48-годишната Рејчел, вели: „Тоа беше навистина волшебен миг – тоа беше првото нешто коешто го проговори по три години. Нејзините зборови беа: `Сакам уште тост, ве молам`. Таа продолжи да го повторува тие, а ние си рековме `О, Боже мој!`

dt01

Таа изгледаше многу задоволна со себеси и скокаше наоколу и само велеше: `Сакам уште тост!` Не сум изненадена од тоа што нејзините први зборови беа за тост. Таа го сака и отсекогаш го јаде. Како и повеќето деца со аутизам, таа има многу ограничена исхрана. Не би требало да покажувате колку сте возбудени, бидејќи детето со изговорениот збор го поврзува чувството на моќ, гледајќи како тоа влијае на вас, но ние не можевме да се контролираме. Ракоплескавме и навивавме.“

dt02

Како кај повеќето деца со аутизам, говорните вештини на Коко биле заостанати и таа се соочувала со потешкотии во комуницирањето. Типичните знаци на аутизмот се недостаток на социјален инстинкт, интерес повеќе за нешта отколку за луѓето, јазични потешкотии и наоѓањето утеха во рутина и повторување. Луѓето со аутизам вообичаено ги имаат сите овие симптоми, но во различен степен.

dt03

Коко повторно го открила својот глас по специјална говорна терапија наречена Применета анализа на однесувањето со која започнала во септември минатата година. За првпат развиен во Универзитетот на Калифорнија, овој метод користи систем на награди за да го научи детето да зборува и ги вежба да се однесуваат согласно на општествените норми.

Г-ѓа Бредборд и нејзиниот сопруг Лук велат дека на нивното семејство му било тешко. „Коко проговори на 26 месеци, но не можеше да поврзе повеќе од две реченици. Со текот на времето, нејзиниот говор се изгуби и таа престана да одговара на нејзиното име и воспоставуваше контакт само со очите. Се познаваше дека беше фрустрирана. Се обидовме со говорен терапевт, но последните две години беа ужасни. Се познаваше колку таа се лути на себеси.“

dt04

Третманот на Коко станал возможен благодарение на добротворната кампања да се соберат над 26300 евра, потребни за нејзиното лекување.

Сподели на Facebook
пати видено