Според зборовите на внукот, дедо Фред Ламар целиот живот го поминал работејќи за своето семејство, а своите желби ги оставал во втор план. Така сега дојде време кога семејството треба да му се заблагодари со овој необичен подарок.
Во гаражата на дедо Фред повеќе од 30 години стоел неговиот омилен автомобил Chevrolet Bel Air од 1957 година и чекал подобри времиња за реставрација.
Ова се причините зошто внукот сторил сé за да му ги врати поранешниот сјај и убавина на овој автомобил. Реставрацијата се одвивала во строга тајност од неговиот дедо и сè било подготвено на време за неговиот роденден. Внукот го собра целото семејство и му го предаде автомобилот на својот дедо, кој не ни сонувал за ваков подарок.
Да ја погледнеме прво реакцијата на дедото, а потоа и фотографиите од процесот на реставрација.