Холи Бру Малет, жена од Луизијана, САД, ги прегледувала снимките од својата безбедносна камера кога забележала како едно дете се прикрадува во нејзината гаража. На снимката се гледа како младото момче вози велосипед крај нејзината куќа, скока од него и се стрчува во гаражата – за да се игра и гали со нејзиното куче, а потоа пак си заминува дома.

kc01

Трогната од љубовта на момчето кон нејзиното милениче, г-ѓа Малет се обидела да го најде момчето преку Фејсбук, и набргу успеала.

„Добар ден, соседи! Дали некој од вас знае кое е ова слатко момче? Од време на време кога се вози на својот велосипед, набрзина ќе влезе во мојата гаража и ќе се игра со моето куче, а потоа секогаш брзо ќе си замине, како да не знае дали треба да се наоѓа таму!“, напишала таа. „Би сакала да му кажам дека е добредојден да остане и да си игра, моето куче го обожава неговото внимание!“

kc02 кц03

Ја споделила видео снимката која набргу била видена преку 1,3 милиони пати. За 24 часа, мајката на момчето, Џинџер Клемент Бру, коментирала на видеото и потврдила дека се работи за нејзиниот син Џош.

„Благодарам за објавата, Холи! Џош постојано зборува за твоето куче! Секогаш кога ќе минеме крај твојата куќа, тој гледа дали е таму. Но, не знаев дека прави вакви работи“ напишала таа. „Минатата ноќ кога првпат го видов видеото, бев раскината помеѓу чувството на среќа и чувството на вознемиреност бидејќи тој знае дека не смее да упаѓа на туѓ имот, но утрово се разбудив среќна знаејќи дека тој толку многу ги сака кучињата.“

kc04

Г-ѓа Малет била воодушевена поради тоа што дознала кое е момчето и се надева дека ќе продолжи да си игра со нејзиното куче.

„Многу ми е мило што на камерата беа снимени невиност и љубов, а не тоа за што е наменета. Многу се радувам што ја снимив таа убавина“, пишува таа.

кc05

Сподели на Facebook
пати видено