1. Кои се наште?
2. Почекај само за секунда да видам што има на другиот канал.
3. А, Франција игра ли… Мило, кога ќе ме одведеш во Франција?
4. Оној со знаменцето игра најслабо. Топката минува покрај него, а тој не ја ни допира.
5. Ужас! Крај на ноември е, а тие по кратки ракави и шорцеви.
6. Овој зошто свири? Судија ли е? А за што ги суди? Ќе оди ли некој во затвор?
7. Какви се овие фигури нацртани на тревата?
8. А, Бекам игра ли? А каде е неговата жена?
9. Оној на голот зошто е со ракавици на таа горештина?
10. Оној идиот до кога ќе свири? Да свири еднаш и да си оди, сите веќе го
слушнаа.
11. Зошто го гледаш тоа првенство, кога не играат нашите?