Денес скоро секој ден сме сведоци на отварање на нови продавници за најразлични производи. Некои од нив не успеваат на пазарот а некои траат со години и децении. Овие продавници, ресторани па и хотели функционираат одлично и со векови. Скоро сите останале во рамките на семејството кое го основало бизнисот и продолжуваат да им удоволуваат на купувачите.

1. Моравска книжарница – најстарата книжарница во Америка

Таа била отворена во 1745 година во Пенсилванија и започнала како место за продажба на религиозни текстови. Со текот на времето нејзината цел се менува и во моментов се продаваат книги.

2. Пирсон Велосипеди – најстарата продавница за велосипеди во светот

Оваа продавница е отворена во 1860 година и се наоѓа во Сатон, Англија. Продавницата се наоѓа во рацете на семејството Пирсон веќе 5 децении. Таа е наведена во Гинисовата книга на рекорди како најстарата продавница за велосипеди во светот.

3. Нишиума Онсен Кеиункан – најстариот хотел во светот

Хотелот бил отворен во 705 година во Јаманаши, Јапонија, и бил наследен 52 генерации по ред. Познат на туристите како хотел со луксузни соби, тој е наведен во Гинисовата книга на рекорди како најстар во светот.

4.  Антика Пицерија Порталба – најстарата пицерија

Пицеријата била отворена во 1830 година во Неапол, Италија и се смета за најстара пицерија во светот. Иако не ги откриваат тајните на нивната пица, сопствениците на оваа пицерија успеале да ја претворат пицата во префинет оброк.

5. Санта Марија Новела – најстарата аптека во светот

Отворена од страна на монаси во 1221 година, Санта Марија Новела ја снабдува Фиренца со лекови повеќе од 800 години. Аптека, која е сместена во истата зграда денес, има високи тавани, има музеј и бројни производи. Според една студија, најпознатите производи на аптеката се ароматичните соли наречени Aceto dei Sette Ladri, кои според легендата биле користени од крадците за да се заштитат од инфекции за време на чумата.

6. Р.Ј Балсон и синовите – најстарата месарница во Англија

Семејството Балсон е во бизнисот со месарниците од 1515 година, кога Џон Балсон почнал да продава месо на локалниот пазар. Историјата на продавниците е вклучена во програмата на БиБиСи во 2014 година, поврзана со најстариот семеен бизнис.

7. Најстарата слатка продавница – најстарата слаткарница во светот

Таа е отворена во 1927 година во Патли Бриџ, Англија. Веќе две децении е во сопственост на Кит Тордоф. Кит за Телеграф изјавил: „За мене слатките работи не поврзуваат со спомени. Ги помнам слатките нешта од детството исто како песните. Еднаш дојде 97-годишна жена која ми кажа дека последен пат била во продавницата кога имала 5 години.“

Сподели на Facebook
пати видено