Со апликации како Инстаграм и Снапчат, нашата опсесија со сликањето е во нов подем. Пред да почнете да си мислите дека вашето најново селфи или слика на молња е којзнае колку креативно нешто, погледнете ги првите фотографии коишто некогаш биле направени, фотографии кои се појавиле веднаш по откривањето на фотографијата во деветнаесеттиот век.

Првата фотографија, 1926 година

ft01

Ова е првата постојана фотографија воопшто направена. Била снимена од Жозеф Нисефор Ниепс, преку прозорецот на неговиот дом во Франција. Фотографијата ја нарекол „Поглед од прозорецот во Ле Грас“.

Прватз фотографија со човек, 1838 година

ft02

Бидејќи првите фотографски процедури биле долготрајни, сите луѓе во движење би исчезнале од кадрот. Но, на улицата прикажана на оваа слика бил снимен чистач на чевли, бидејќи тој стоел мирно доволно долго.

Првата селфи слика, 1839 година

ft03

Селфи сликите не се нов пронајдок. Всушност, првиот фотопортрет бил селфи, и бил направен од Роберт Корнелиус во 1839 година.

Првиот портрет 1839/1840 година

ft04

Набргу потоа, Џ. В. Дрејпер го направил првиот портрет, фогографирајќи ја неговата сестра Дороти Кетрин Дрејпер.

Првата фотографија на месечината, 1840 година

ft05

Џ. В. Дрејпер бил вреден човек. По првиот портрет во историјата, тој ја свртел камерата кон небото, и ја снимил првата фотографија на месечината.

Првата фотографија на претседател, 1843 година

ft06

До 1840 година, портретите на политичарите се сликале на платно. Но, со појавата на фотографијата, започнала праксата да се овековечува точниот изглед на лидерите. Џон Квинси Адамс бил првиот американски претседател кој се фотографирал.

Првата фотографија со пиење, 1844 година

ft07

На оваа фотографија се снимени Џејмс Балентајн, д-р Џорџ Вилијам Бел и Дејвид Октавиус Хил, коишто биле дел од шкотската елита во тоа време.

Првата фотографија на која е прикажан Њујорк, 1848 година

ft08

Ова е најстарата зачувана фотографија со Њујорк, снимена во 1848. На неа се гледа идиличен селски крај, кој потоа ќе стане горниот дел од западен Менхетен.

Првата фотографија во боја, 1861 година

ft09

До 1860-те, сите фотографии во боја биле рачно боени. Напредокот во технологијата ја овозможил и првата фотографија во боја, снимена во 1861 година од Томас Сатон.

Првата фотографија во боја на субтрактивен принцип, 1872 година

ft10

Луј Артур Дјуко ду Орон, авторот на оваа фотографија, го пронашол субтрактивниот процес на обојување, употребувајќи тиркизна, магента и жолта боја, процес кој се употребува до ден денес.

Првата снимка на молња, 1882 година

ft11

Со оглед на фактот дека да се сними молња е тешко и со денешните стандарди, оваа фотографија, снимена во 1882 година од страна на Вилијам Џенингс е величествена.

Првата фотографија на торнадо, 1884 година

ft12

На оваа фотографија е прикажано торнадото кое беснеело во Гарнет, Канзас, на 26. април 1884 година.

Првото фото студио, 1893 година

 

ft13

Големо изненадување е тоа што поминале речиси педесет години по пронаоѓањето на фотографијата некој да отвори фотографско студио. На оваа фотомонтажа е прикажан фотографот како се слика самиот себеси.

Првата фотографија од вселената, 1946 година

ft14

Ова е првата слика на Земјата од вселената. Интересно е тоа што сликата била направена од страна на американските воени инженери, користејќи нацистичка ракета.

Првата дигитална фотографија, 1957 година

ft15

Сега дигиталните камери се општоприфатени. Но, првата дигитална фотографија била направена во 1957 година, од страна на Расел А. Кирш, а на фотографијата е неговиот син Валден.

Сподели на Facebook
пати видено