Научниците го открија лицето што некогаш припаѓало на најстарите човечки остатоци, пронајдени на античките гробишта во Тајланд. Жената од доцниот плеистоцен период починала пред повеќе од 13.600 години, но била воскресната во две-димензионална слика, со помош на програмата за препознавање на лица. Тимот користел мерки од черепи, мускули, кожа и димензии на лицето од 720 жени на денешницата кои живеат во 25 земји низ светот.
Резултатите покажуваат дека жената била на возраст од 25-35 години, имала висока линија на вилицата и мали очи во облик на бадем. Нејзината висина била само 152 сантиметри.
Посмртните останки на жената биле откопани во пештерата Тхам Лод во северозападниот дел од Тајланд, во 2002 година. Оваа масивна пештера во минатото била живеалиште на Хомо сапиенс, кое се користело за погребување на починатите, за живеење, за собири и за правење на алатки.
Но пред околу 13.500 години во областа се случила ерозија со што карпите од пештерата почнале да паѓаат. Оттогаш пештерата се користела само како место за погребување на починатите.
Се верува дека пештерата била населена пред околу 40.000 до 10.000 години. Жената откриена во 2002 година била пронајдена во позиција која сугерира дека била погребана да лежи на левата страна. Во нејзиниот радиус имало камен чук, и круг направен од пет големи камчиња и заоблени варовнички фрагменти.
Археолозите беа во можност да ја откријат возраста на жената според ширината на карличната коска, целосна фузија на епифизите и според забите, поточно катниците.
Истражувачите посочуваат дека сликата од древната жена е општ впечаток за нејзиното лице, но не може да се каже дека постои целосна сличност, затоа што сликата е правена во соработка со повеќе жени од Европа, Блискиот Исток, Африка, Азија и Северна Америка.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.