Филис Џоунс и Ирен Крамп кои живеат заедно во Вустершир денес го одбележуваат нивниот 102 роденден и со тоа се најстарите близначки во Британија. Парот, роден во 1916 година, видел четири владејачки монарси, дваесет премиери и две светски војни.
„Правиме мала забава за нив дома. Мојата мајка, Филис, има васкуларна деменција, па затоа не сакаме да ја носиме некаде каде ќе ѝ биде непријатно. Јас дефинитивно се надевам дека ќе има повеќе родендени, мајка ми не е ментално добро поради нејзината деменција, но таа се бори за да се вклопи и сигурно не изгледа како да има 102 години, како и тета Ирен. Тета користи рамка за одење, но дефинитивно не ѝ е потребна.“, вели 59-годишниот син на Филис, Карл.
Парот добил картичка од Нејзиното Височество на нивниот 100-ти роденден, но нема да ја добијат следната картичка до нивниот 105-ти роденден.
Податоците покажуваат дека најстариот човек во Велика Британија има моментално 112 години, додека најстарите близнаци во светот имаат 104 години.
Филис е постара близначка родена дваесет и пет минути пред Ирен и сестрите тврдат дека јадат многу риби и два силни алкохолни пијалоци и дека тоа е тајната зошто изгледаат неколку децении помлади.