Сите слушнавме за катасрофалната авионска несреќа на Lion Air, патнички авионот кој се урна во морето, само неколку минути по полетувањето од меѓународниот аеродром во Џакарта. Во несреќата загинаа 189 патници, а Сони Сетиван е човекот кој за влакно избегнал да биде уште една жртва во несреќата.

Сони, кој работи како официјален претставник во Министерството за финансии на Индонезија, купил карта за кобниот лет кој полетал рано наутро во понеделник од главниот град Џакарта. Тој имал намера да стигне навреме, но сообраќајниот метеж го спречил во неговата намера.

Џакарта е позната по тоа што има најголем сообраќаен метеж во Југоисточна Азија, со долги колони кои секојдневно ги фустрираат патниците. Но, Сони иако во тој момент не бил свесен, имал голема среќа што заглавил во метежот.

Неколку минути по полетувањето, авионот исчезнал од радарот пред да падне во морето. Сони на крајот сепак пристигнал до својата дестинација, Панкал Пинанг, преку друга авиокомпанија. Тој не бил свесен за несреќата, се додека не се симнал од авионот.

Тој изјавил: „Најчесто јас и моите пријатели летаме со оваа компанија. Не знам зошто сообраќајот беше толку ужасен. Обично пристигнувам во Џакарта во 3 часот, но ова утро пристигнав на аеродромот во 06:20 и го пропуштив летот.“

Но, Сони изјавил дека иако чувствува голема благодарност, таа е обележана со фактот дека толку многу луѓе, меѓу кои и шест негови колеги, немале толкава среќа. „Првпат кога слушнав почнав да плачам. Знаев дека моите пријатели се на тој лет. Моето семејство беше во шок и мајка ми плачеше, но им реков дека сум добро, па мора само да бидам благодарен“, додава тој.

Сподели на Facebook
пати видено