Древното Новогвинејско Хајленд куче кое се сметаше за изумрено во својата природна средина е повторно пронајдено во едно од најнедостапните места на планетата.
Повеќе од половина век немало ни трага ни глас од овие кучиња, но по скорешна експедиција на истражувачи во далечниот централен планински рбет на Нова Гвинеја беа направени над 100 фотографии на кои што се забележани 15 кучиња, вклучувајќи мажјаци, женки и младенчиња, како успеале да преживеат далеку од човековата цивилизација.
“Оваа откритие за постоењето на Хајленд кучињата не само што е возбудливо, туку е и неверојатна можност за науката”, вели групата од Фондацијата за Новогвинејски Хајленд кучиња која стои зад истражувањето. Во експедицијата успеале да соберат документација и биолошки примероци со кои преку ДНК било потврдено дека се работи за Хајленд кучето.
Отпечаток од шепа бил првиот знак за да започне експедицијата во 2016. Кучињата моментално живеат на 3.400 до 4.400 метри надморска височина. Се верува дека кучињата мигрирале на островот заедно со луѓето пред 6.000 години. Според ДНК анализата Хајлендот има голема поврзаност со Австралиското динго. Уште не се знае од каде потекнува оваа поврзаност, но доколку се открие ќе послужи како добар начин за разбирање на процесот на еволуцијата.
Досега имало само две непотврдени фотографии од овие кучиња, една од 2005, а другата од 2012 година. Поради тоа што немало никаков друг доказ за постоењето на овие кучиња се сметало дека се изумрени, или сепак само биле добри во криенка ?
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.