Во минатото луѓето имале свои претпоставки кои поради недостатокот на средства, можности и јавното мислење не можеле да бидат целосно научно потврдени.

Сепак денес науката е прилично либерална и секоја добра идеја или пак теорија е добро прифатена. Ова се неколку антички теории кои подоцна биле докажани од современата наука како точни.

Теоријата за Биг Бенг

Изворот на теоријата на Биг Бенг потекнува од древна Индија пред три илјади години. Многу порано од теоријата на Стивен Хокинг, кој го сметаме за нејзин „татко“. Според информациите напишани во Ведата на хиндуистите, универзумот е содржан во Брахманда или космичко јајце. Сите работи, просторот и создавањето се наоѓаат во оваа сфера. Она што се проширило од една точка „Бинду“, на крајот ќе експлодира во истата точка.

Двата дела на душата

Секој човек си има свое „ЈАС“. Тоа го разликува од останатите луѓе, бидејќи секое лице е индивидуално и самостојно лице со своја самосвест. Човекот има потреба од две половини – рационална, која ја контролира свеста и емоционална, одговорна за сите физички процеси.

Според истражувањето на Платон, луѓето имаат три ривалски делови во своите души – разум, апетит и дух. Во сликата на Платон, душата изгледа како два коњи (апетит и дух) и една кочија (разум) која се обидува да ги држи за уздите. При хармонија меѓу трите, во нас владее хармонија и мир. Но, кога трите ривалски делови од нашите души не се во хармонија, внатре во нас има внатрешна војна и катастрофа.

Релативноста и софистите

Софистите се сметаат за првите вистински релативисти. Според нив, не постои концепт за апсолутна вистина или апсолутна реалност. За нив сè во светот е субјективно, па никој не може да ги повтори нашите постапки исто како нас. Секоја личност носи во нив уникатен ген кој го разликува од другите. Иако честопати го правиме истото како и останатите, или сме слични на препознавањето на мириси, бои и форми, научниците тврдат дека сè уште имаат нешто што нè разликува. Нашите умови и сензорни органи работат заедно за да создадат реалност на начинот на кој тоа го доживуваме.

Земјата има кружна форма

За основач на природната филозофија (основоположник на модерната наука) се смета Талес од Милет, роден во седми век п.н.е. За него не информирал Аристотел, кој ги опишал теориите на Талес во своите трудови. Некои од основните идеи кои ги истражувал се принципите на создавањето, традиционалната грчка митологија и се обидувал да го открие потеклото на универзумот. Талес сметал дека Земјата е сферична (не е рамна).

Според него, ако Земјата е рамна, Сонцето ќе фрла елиптична сенка. Или, ако Земјата е навистина рамна, зошто ни се чини дека ѕвездите се движат кога се движиме? Еднаш Талес толку се занел во следењето на ѕвездите што паднал во бунар.

И на 19 јуни, 240 п.н.е., научникот Ератостен Киренски прв го измерил радиусот на планетата. Според неговите пресметки, радиусот на Земјата изнесува 6287 км, што е импресивно бидејќи знаеме дека модерната наука го одредува просечниот радиус на Земјата на 6371 км.

Индетерминизам

Идејата за идентерминизам започнала со Аристотел во античките времиња. Во својата теорија за четирите причини, тој тврди дека некои работи во природата се чисти несреќи. Во квантната механика, индетерминизмот е основата. според неа не можеме да дознаеме каде е честчката доколку не е во интеракција со нешто. Со нивното слободно движење во универзумот, честичките се судираат и комуницираат на непредвидлив начин.

Пред појавата на квантната теорија во 20 век, повеќето научници верувале дека сè може точно да се предвиди. Бидејќи сè се случува поради некоја причина – од работата на боговите до законите на физиката. Од современа гледна точка, Левкипус е научник кој најпрецизно го сумирал квантниот свет, имено, дека тој смета дека атомите се објект на „непредвидливи и случајни движења, брзо и континуирано“.

Сподели на Facebook
пати видено