Патиштата се важен дел од инфраструктурата на секоја земја бидејќи се важна комуникација преку кои се остваруваат трговските врски и се доставуваат стоки, се превезуваат луѓе, се олеснува контролата и интегритетот на државата итн. Всушност, едно од мерилата за развиеноста на една држава е развиеноста и состојбата на патиштата во неа.

Но, дури и во развиените земји не сите патишта се безбедни и пријатни за возење. Во редовите кои следуваат ви претставуваме некои од најопасните патишта во светот.

1. Хималајските патишта

pat01

Без метар асфалт, и во целост по Хималајските планини, можете да претпоставувате каква авантура е да се вози по овие патишта.

2. Џемс Далтон Роуд, Аљаска

pat02

Во овие краишта ветерот е толку силен што понекога носи камења и ги истура врз возилата кои се движат по патот. Покрај тоа, во поголемиот дел од годината е прекриен со снег.

3. И-15 од Лас Вегас до Лос Анџелес, САД

pat03

На овој пат од 290 километри кој ги поврзува Лас Вегас и Лос Анџелес годишно се случуваат повеќе несреќни случаи со фатален крај отколку во целата држава Невада, и сето тоа поради комбинацијата од лудо возење во пијана и дрогирана состојба и некористењето на појаси.

4. Тунелскиот пат крај Гволијанг, Кина

pat04

Тоа што го прави страшен овој планински тунел во Кина е што не е професионално изведен. Селаните од блиското село Гволијанг решиле да го изградат на своја рака, без никакво овластување од државата, бидејќи сметале дека се изолирани од остатокот од општеството.

5.Авенија на Комонвелтот, Филипини

pat05

Познат како „Патот убиец“ оваа авенија во Квезон Сити убила голем број на пешаци и велосипедисти што најмногу се должи на ужасната регулација и недоволната примена на сообраќајните правила во овој регион.

6. Патот 550, Колорадо, САД

pat06

И покрај тоа што се работи за планински пат со бројни кривини, на овој пат заборавиле да стават банкини, што е баш безбедно, нели?

7. U.S. 24 од Форт Вејн до Толедо, САД

pat07

Извесен дел од овој патен правец го носи прекарот „Пат убиец“ поради острата кривина во која најчесто се судираат патнички автомобили со тракторите кои влечат фабрички материјали.

8. Патен правец 2, Монтана, САД

pat08

Овој пат во северна Монтана е озлогласен по високата смртност, која во најголемиот број случаи се должи на бавното реагирање на итната помош во ретко населената област.

9. Патот Јунгаш, Боливија

pat09

Боливијците го нарекуваат „Патот на смртта“, бидејќи во бездната крај него толку често паѓаат автобуси и камиони, што се смета за најопасниот пат на светот.

10. И-95, Конектикат, САД

pat10

Овој пат од 12 километри до Норвалк, Конектикат е одговорен за 10 посто од сите сообраќајни несреќи во државата. Ова се должи на метежот како и на незгодните ридови.

11. Патот во клисурата Тароко, Тајван

pat11

Острите и слепи кривини го прават најопасниот пат во Тајван.

12. BR-116, Бразил

pat12

Популарно наречен „Автопат на смртта“, овој автопат зема илјадници жртви годишно поради лошото одржување. A nи нападите на бандите и ограбувањата не го прават помалку опасен.

13. Скиперс кањон роуд, Нов Зеланд

pat13

Овој новозеландски пат е толку опасен што за да возите по него ви треба специјална дозвола.

14. Пасубио, Италија

pat14

Замаени од прекрасната глетка, многу возачи се струполиле од карпите на овој пат во Италија. Најопасните делови од патот се забранети за возила и по нив можат да минуваат само пешаци.

Сподели на Facebook
пати видено