Како што во Русија продолжува периодот на зголемен патриотизам, својот милитаризам земјата го крева на едно сосема поинакво ниво со отварањето на забавен парк посветен на пушки, хеликоптери, тенкови…

vp01

Меѓународниот воено-технички форум „Армија-2015“ помогна во отварањето на Патриотскиот парк, најновиот руски „Воен Дизниленд“, во Кубинка, на само еден час од Москва. Првиот настан на овој локалитет беше токму Меѓународниот воено-технички форум „Армија-2015“ со кој претседаваше претседателот, а гостуваа и гости од странство.

Патриотски парк

vp02

Простирајќи се на површина од 40 km², во овој парк руските семејства ќе можат да „тестираат“ тренинг симулации како хеликоптерот Ка-52 Алигатор и тенкот Т-90. Децата ќе имаат можности да гледаат спектакли и изложби, да скокаат со падобран, да учествуваат во екстремни спортови и да пукаат со автоматски пушки Калашников.

vp03

Паркот, кој покрај другото ќе се употребува и за конференции и други видови на изложби, ќе биде целосно завршен во 2017 година. Покрај милитаристичките атракции, ќе се изведуваат и историски реконструкции на Патриотската војна во 1812 година, како и на Првата и Втората светска војна.

vp04

Целиот проект ќе чини околу 330 милиони евра во време кога земјата влегува во првата рецесија во текот на последните шест години. Штом ќе се заврши, местото ќе биде домаќин на аукциска куќа кадешто руските патриоти ќе можат да наддаваат за вишокот владини воени возила, униформи и опрема.

Сувенири

vp05

Како и секој комерцијален тематски парк, Патриотскиот парк ќе продава голем број милитаристички сувенири. Покрај вообичаените магнети за фрижидери, на коишто има и такви со ликови на Путин, Сталин, Держински и Бериа, ќе се продаваат и балистички шлемови, маици, играчки и јакни на коишто е испишан зборот „Победа“.

vp06

За време на свеченото отварање, претседателот Путин ја искористи можноста да го објави додавањето на 40 нуклеарни поректили во арсеналот на Руската армија. Според Путин, оружјето ќе биде „способно да ги надмине и технички најнапредните анти-ракетни одбранбени системи.“

vp07

Отворањето на паркот се совпаѓа со ерата на патриотизам запален со припојувањето на Крим минатата година. За време на дебата спроведена пред нешто повеќе од еден месец, Путин изјави дека локалитетот е „важен елемент во системот на воено-патриотска работа со младите“.

vp08

Фокусирањето на рускиот патриотизам на Путин го направи повеќе популарен од кога и да е, и покрај фрагилната руска економија. За време на неговиот говор при отварањето на паркот, рускиот претседател повторно истакна дека производството на нови оружја и воена опрема би можело да го поттикне економскиот развој.

vp09

Отварањето на паркот исто така доаѓа во време кога тензиите помеѓу Русија и САД се најлоши по Студената војна. За време на воената изложба, рускиот заменик министер за одбрана говореше за „трка за вооружување“ помеѓу Русија и НАТО земјите, којашто ги приморала Русите да произведуваат нови оружја.

Сподели на Facebook
пати видено