Гугл својот познат уличен поглед го носи на сосема поинакво ниво – на место на кое нема никакви улиици ни патишта – под морето! Како дел од поширока иницијатиа да се мапираат светските океани, Гугл Мапс во содејствие со подводни истражувачи и нови системи за снимање ќе овозможи на гледачите да ги разгледуваат чудата на морските длабочини без да си ги натопат ни стапалата. Но не сите од овие чуда се дело на природата. Помеѓу неверојатните морски суштества и прекрасните подводни пејзажи, посетителите на новата атракција на Гугл ги чекаат неколку изненадувања направени од човечка рака.

Остатоците од бродот Марија Селеста, Бермудски острови

г01

Малкумина го виделе проколнатиот пароброд од времето на американската граѓанска војна по неговото потонување во 1864 година, но сега и вие ќе можете да бидете меѓу нив, без воопшто да мора да се нурнувате шеснаесет метри во водите кои го покриваат потонатиот брод.

Паркот на Жак Кусто, Гвадалупе

г02

Сега секој ќе може да го посети подводниот меморијален центар посветен на големиот океанограф Жак Кусто.

Остатоците од бродот Антила, Аруба

г03

Антила потонал за време на Втората светска војна. По својата големина овие бродски остатоци се трети по големина во целата област на Карибите.

Непознат брод, Фрипорт, Гранд Бахама

г04

Не сите нешта изработени од човечка рака кои се нашле на морското дно имаат историско значење, барем не се уште. Подводниот уличен поглед на Гугл им овозможува на луѓето да истражуваат со помош на нивните компјутери и да ги мапираат потенцијалните големи историски откритија.

Остатоците на бродот Бенвуд, Флорида Кијс

г05

Бродот Бенвуд своето патешествие го започнал како норвешки трговски брод, но го завршил како американско обележје и е дел од националното морско богатство на САД.

Остатоците на бродот Индонур, Индонезија

г06

Холанѓанскиот пароброд во 1963 година се заглавил на голем корален гребен. Со децениите, бродот полека бил голтнат од околниот морски живот.

Остатоците на бродот Јонгала, Голем Корален Гребен, Австралија

г07

Овој патнички брод бил потонат од тропски циклон во 1911 година и заминал на морското дно заедно со 124 патници. Силните морски струи на ова место го прават едно од најопасните топ 10 места за нуркање.

Лабораторијата Аквариус, Флорида

г08

Подводната лабораторија на Меѓународниот универзитет на Флорида на морските биолози, како и на астронаутите, им служи за истражување и тренирање. Но сега нема да морате да бидте научник за да ѕирнете во ова неверојатно место.

Подводниот музеј на Исла Мухерес, Мексико

г09

Уметничките поставки на Џејсон де Каирес Тејлор биле поставени специјално за нуркачите кои нуркаат на брегот на Канкун. Сега секој може да ја посети подводната галерија со pH неутрални скулптури.

Техниката на системот

г10

360-те подводни глетки на Гугл се овозможени благодарение на Катлин – специјална камера која на нуркачите им овозможува да снимаат слики слично како што тоа го прават автомобилите на Гугл на копно.

Истражувајте го подводниот свет

г11

И навистина, заслужува да потрошите малку од своето време самите истражувајќи ги морските длабочини благодарение на Гугл, компанијата која направи вистинска револуција во светот на интернетот.

Сподели на Facebook
пати видено