Кинеските археолози се изненадиле кога ископале древен меч и виделе дека тој сѐ уште е во речиси совршена состојба. Минатиот петок експертите го извлекле сечилото од корицата и увиделе дека 2300 години старата острица е сѐ уште сјајна и остра. Традиционалното кинеско оружје било најдено во внатрешноста на стар ковчег во провинцијата Хенан во централна Кина, од каде што се смета дека потекнува кинеската цивилизација.

mc01

Мечот, октриен од археолози од Обласниот институт за културно наследство и археологија на Хенан, се верува дека потекнува од периодот на Периодот на завојуваните држави (475 – 221 пр.н.е.) Мечот бил положен од левата страна на сопственикот во неговиот ковчег, кој бил ископан во древна гробница со бр. 18, во рушевините на градот Ченгјанг.

mc03

Откако внимателно го извадиле мечот од ковчегот, сиот покриен со кал, археолозите го исчистиле за потоа да го извадат од корицата. Според официјалната изјава на Институтот, сите експерти биле вчудоневидени кога се испоставило дека сечилото е во речиси совршена состојба.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено