Најниската двојка во светот, при што и двајцата се високи околу 91,4 сантиметри – докажаа дека големината не е важна кога станува збор за љубовта. Пауло Габриел де Силва Барос и Катјуша Хошино од Бразил страдаат од дварфизам поради што се со исклучително низок раст.

Тие се надеваат да влезат во Гинисовата книга на рекордите, велејќи дека се запознале пред околу една година на социјалните медиуми и почнале да разговараат на MSN. Триесетгодишниот Пауло кој има ретко генетско нарушување наречено диастрофична дисплазија, вели дека за него тоа било љубов на прв поглед.

ks01 ks02

„Уште од првиот миг кога ја видов ми беше многу убава“, вели тој.

Но, чувствата не биле взаемни. Дваесет и шестгодишната Катјуша којашто има ахондроплазичен дварфизам кој влијае врз растењето на коските, на почетокот го блокирала на сајтот за инстант пораки. Таа раскажува: „Првиот пат кога почнав да зборувам со Пауло, тој беше навистина досаден. Имаше некои евтини фори.“  Пауло, кој работи како правник, вели: „Таа мислеше дека се обидувам да флертувам, но јас само се трудев да бидам фин со неа. Според неа, сум бил навистина досаден тип.“

И тука ќе завршела работата, ако по осумнаесет месеци Катјуша не решила да го одблокира. Катјуша, која поседува сопствен салон за убавин кој бил специјално приспособен за нејзината големина, вели: „Еден ден нешто ми се случи во главата и земав па го одблокирав. До тогаш тој веќе беше станал попристапен.“

ks05

„Кога ме одблокира“, вели Пауло, „не ми требаше повеќе од една минута за да ѝ кажам здраво, почнавме да разговаравме и јас бев поцивилизиран.“ Два месеци подоцна, Пауло отпатувал триста километри до домот на Катјуша во Лондрина за да се запознаат. Вели дека бил обземен од нејзината убавина, но таа била срамежлива и не била импресионирана од неговиот стил на облекување.

„Тоа што најмногу ме привлече кон неа, покрај нејзината убавина, беше тоа колку беше слатка. Нејзината слатка личност беше тоа што ме привлече.“

„Тој носеше портокалова кошула, џинс и очила за сонце – фала му на Бога што вкусот му се подобри од тогаш.“

ks11 ks12

И покрај загриженоста на Катјуша за големата далечина меѓу нив, пед дена подоцна тие почнале да излегуваат и по четири години решиле да живеат заедно. Катјуша вели: „Никогаш порано не сум имала момче, па така Пауло ми беше прв, во сѐ.“

Сега се, велат, како и секој друг пар. Пауло има специјално приспособен автомобил кој му овозможува да вози. Тој има амбиции да се кандидира за градоначалник во својот роден град Итапева. „Во основа, ние сме нормална двојка, само што нашата височина е малку помала. Најдоброто нешто во нашата врска е нашата блискост, другарскиот однос кој го имаме еден за друг. Таа ме поддржува во сѐ, таа е мојот мал воин.“

„Се караме како и секој друг пар“, вели Катјуша. „Двојката која не се кара не е нормална двојка. Нашите мисли се совпаѓаат, нашите идеи се совпаѓаат, нашите чувства се совпаѓаат и тоа е многу убаво.“

ks13 ks14 ks15 ks16 ks17

Сподели на Facebook
пати видено