Какви е поврзаноста меѓу масонската ложа Пропаганда Дуе, Ватикан, италијанските банки и медиумски куќи, како и Силвио Берлускони, италијанскиот премиер со најдолг мандат после Втората светска војна, прочитајте во последното продолжение на „Најмрачниот заговор во историјата и луѓето кои стоеле зад него“.
Семејството Ризоли и Бруно Тасан Дин
Еден пример за тоа како оперирала Пропагадна Дуе е превземањето на издавачкото царство на Ризоли. Еден од документите најдени во сефот на Џели бил наречен „План за демократски препород“ со кој се планирало ложата да се инфилтрира во три центри на италијанската моќ: политичките партии, трговските унии и медиумите. Со цел да го оствари третото, Џели го свртел својот поглед кон Ризоли, кој трпел огромни загуби, но сепак сѐ уште контролирал бројни весници и списанија, вклучувајќи го најпродаваниот и најпочитуваниот весник во Италија, „Кариере дела Сера“.
Во 1977 банката Амброзиано ненадејно се нафатила да ја спасува компанијата на Ризоли. Бил назначен попослушен уредник, и Кариере почнал да ја држи линијата а Пропаганда Дуе. Еден пример за тоа е кога весникот ја забошотил веста дека банката на Ортолани ги спонзорира латиноамериканските одреди на смртта. За да го прослават превземањето, Џели, Ортолани и Бруно Тасан Дин, директор на компанијата на Ризоли, си доделиле на себе 30 милиони долари процент за зделката. Калви бил присилен да се задоволи со остатоците, кои и самите станувале сѐ поголеми, бидејќи Џели ја искористил медиа групата Ризоло за да откупува новински куќи низ земјата. Џели се здобил со посакуваното влијание – но ситуацијата со Банко Амброзијано станувала сѐ полоша.
Пол Маркинкус
Во мај 1981, светот на Калви конечно почнал да се урива. Пропаганда Дуе вообичаено успеале да ги саботираат истрагите во врска со Амброзијано, но финансиските власти пак ги надушкале, и штом полицијата го отворила сефот на Џели, деновите на ложата ѝ биле одбројани. Во текот на две недели откако јавноста дознала за ложата, премиерот дал оставка, а бивш министер се обидел да изврши самоубиство, додека значаен полициски чиновник се застрелал себеси. Џели направил залуден обид да се одбрани себеси преку медиумите, но набргу видел во која насока дува ветрот и избегал.
Ранлив и очаен, Калви се свртел кон Франческо Пациенца, плаќајќи му голема отштета за политичката заштита. Но, во јули на банкарот му била изречена казна од четири години затвор поради нелегално извезување девизи. Тој самиот не присуствувал на изрекувањето на пресудата бидејќи извршил обид за самоубиство, веројатно лажирано со цел да го одложи судењето. Во меѓувреме, компаниите духови продолжување да цедат пари од банката. Амброзиано била блиску до колапс.
Но, со Калви сѐ уште не било свршено. Му било дозволено да остане на слобода додека да се донесе решение за неговата жалба, а за време на скандалот акциите на банката се кренале – дознавањето за Пропаганда Дуе очигледно ги убедиле инвеститорите дека Калви имал премногу силни врски за да биде пуштен низ вода. И покрај тоа што влијанието на Пропаганда Дуе исчезнало, Калви сѐ уште имал моќен заштитник: Ватикан.
Оттогаш се дознало дека значаен износ од девизите илегално изнесени преку компаниите духови заврили во Институтот за религиозни работи, подобро познат како Ватиканска банка, со цел да се поддржа активностите на црквата ширум светот. Калви бил особено близок со директорот на Институтот, американски надбискуп со име Пол Маркинкус. Во септември Маркинкус му дал две писма на Калви, со што имплицирал дека Ватикан ги поседувал компаниите духови и според тоа ќе биде сметан одговорен за долговите. Тие писма му овозможиле на Калви да го обезбеди својот притисок врз кредиторите и со тоа да го избегне колапсот. Но, Маркинкус си имал своја цена: тој побарал трето тајно писмо со кое Ватикан би се ослободил од одговорноста за компаниите духови и нивните заеми. Како што ситуацијата на Калви се влошувала, Маркинкус одбил да интервенира понатаму во негова полза. Претставник на Ватикан ѝ кажал на ќерката на Калви дека таа „не смее да го спомне името на институтот дури ни за време на исповед.“
Флавио Карбони
Не поминало долго време и Калви почнал да попушта под притисокот. Во постојан страв за својот живот, тој почнал цело време да носи оружје. „Обидете се да разберете“, им кажал тој на иследниците, „Банко Амбросијано не е моја. Јас едноставно сум во служба на некој друг.“ Со тоа тој навестил дека би можел да почне да зборува, но потоа си го сменил мислењето, веројатно стравувајќи од своите бивши пријатели. Барајќи покритие, тој го откачил Пациенза и се свртел кон злогласниот бизнисмен од Сардинија по име Флавио Карбони, кого го следеле гласини за тешка зависност од кокаин, а и се зборувало дека има врски со мафијата. Во април 1892 година, банкар на Амбросијано преживеал обид за атентат во кој бил застрелан двапати од локален мафијаш на патот кон работа. Парите за обидот подоцна довеле до Калви.
На 10 јуни Калви избегал од Италија. Не се знае што планирал да стори, иако на својата сопруга ѝ кажал дека неговите соучесници со сигурност ќе ја спасат неговата компанија и неговата репутација. Во спротивно, тој би можел да каже некои миња. Карбони уредил Калви да биде извлечен од Италија од страна на шверцер со цигари по име Силвано Витор, додека шефот на римското подземје, Ернесто Диоталеви лично обезбедил лажен пасош. Минувајќи низ Австрија, Калви и Витор успеале да стасаат во Лондон, кадешто им се придружил Карбони.
На 17 јуни, секретарката на Калви извршила самоубиство скокајќи од прозорецот на нејзината канцеларија. Неколку часови подоцна, среде ноќ, Калви му кажал на Карбони дека ќе оди на прошетка. Следното утро бил најден како виси на лондонскиот мост Блекрајерс Бриџ. Во неговите џебови имало кеш од 8000 фунти и неколку тули. Неговиот рачен часовник запрел точно на 1:52 наутро. „Банкарот на Бог“ бил мртов.
Силвио Берлускони
Истрагата во врска со смртта на Калви не била лесна. Клучниот осомничен бил избоден до смрт во неговиот дом. Друг осомничен бил убиен со автомобил бомба во Рим. Првичната истрага завршила со заклучок дека банкарот извршил самоубиство, но случајот повторно бил отворен во 2002 година, при што неговата смрт била прогласена за убиство. Детектив на Скотланд Јард одлетал во Рим да истражува, но му бил украден компјутерот и сите датотеки во врска со случајот биле избришани. Во 2003 година, Карбони, Витор и тројца други биле обвинети за убиство, но на крајот биле ослободени.
Останува нејасно дали Калви бил убиен од мафијата, разгневена поради загубата на пари со пропаѓањето на банката или пак од страна на неговите соучесници кои сакале да го замолчат. На крај, како што кажал неговиот син, Калви „беше динамичен бизнисмен, но не беше многу добар во проценувањето на луѓето.“
Другите членови на Пропаганда Дуе поминале малку подобро. Умберто Ортолани, десната рака на Џели ѝ избегал на раката на правдата бегајќи во Јужна Америка, но на крајот бил екстрадиран во Италија и осуден на дванаесет години затвор за неговото учество во пропаѓањето на Ризоли и Амбросијано. Набргу бил ослободен поради влошување на здравјето и умрел во 2002 година. Џели останал неуловлив како и секогаш, бегајќи од швајцарскиот затвор во 1983 година, при што, како што тој раскажува, сите врати просто биле отворени пред него. Неколку години успевал да го избегне апсењето, но на крајот завршил во затвор поради опструкција на истрагата за бомбашките напади во Болоња.
Еден член на Пропаганда Дуе подоцна избил на површината не претрпувајќи никаква штета. Тоа бил младиот бизнисмен со политички амбиции по име Силвио Берлускони. Берлускони никогаш не го одрекувал своето членство во ложата и кружеле гласини дека средствата со кои тој ја започнал својата медиумска империја дошле од Амбросијано. Исто така, се тврди дека стратегијата на Берлускони да ги користи своите медиуми за поддршка на неговата кариера доаѓале од „Планот за демократски препород“ на Џели. Самиот Берлускони секогаш одрекувал било каква поврзаност со Калви.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.