Историјата изобилува со теории на заговор, од кои повеќето се покажале како недокажани и невистинити, но овој заговор бил реалност, како и луѓето вклучени во него.
Франческо Пациенца
Влијанието на Пропаганда Дуе се проширило и врз американската политика. За време на изборите во 1980 година, ложата се обидувала да ги искористи своите валкани трикови против Џими Картер, кој бил сметан за премногу мек кон комунизмот. Во 1985 година, истрага на Вол Стрит Журнал сензационално открила дека ложата била зад поразителен скандал кој избувнал во екот на кампањата, веројатно како дел од поголема дезинформациска измама која требало да повлијае врз исходот на изборите.
Во почетниот период на мандатот на Картер, неговиот брат Били (на сликата погоре) кој од многумина бил сметан за срам за семејството, предизвикал контроверзи прифаќајќи заем од владата на либискиот диктатор Муамер Гадафи. Скандалот веќе бил заборавен, но Франческо Пациенца, припадник на Пропаганда Дуе се осигурал тој да се врати во центарот на вниманието. Работејќи со американскиот Мајкл Лиден, Пациенца наместил приказна во која тврдел дека Били Картер зел уште еден заем од Гадафи. Исто така се тврдело дека Били бил на таен состанок со палестинскиот лидер Јасер Арафат. Скандалот повторно станал топ тема, и рејтингот на Картер примил силен удар.
Подоцна италијанскиот суд го осуди Пациенца за режирање на скандалот. Лиден не бил обвинет, но во осудата тој бил изрично спомнат, а подоцна бил обвинет за примање на 120 000 долари мито од страна на италијанското воено разузнавање набргу по објавувањето на приказната. Тој ги одрекол сите обвиненија и на крај успеал да влезе во Националниот совет за безбедност на Роналд Реган. Во меѓувреме, Личо Џели, во тоа време непознат индустријалец од Тоскана, Италија, добил покана за инаугурацијата на Реган во 1981 година.
Стефано Деле Кјаие
Веројатно најконтроверзниот аспект од ложата на Пропаганда Дуе е нејзината инволвираност со крајно десните терористи за време на италијанските насилни „Оловни години“. Најозлогласениот од нив бил Стефано Деле Кјаие, кој бил обвинето за учество во бомбашкиот напад на Пјаза Фонтана во 1969 година, бомбашкиот напад во Болоња од 1980 година (на сликата погоре), како и за планот за кој се зборувало во тоа време за рушење на владата и нејзинот заменување со диктатура предводена од принцот Валерио Боргезе.
Во 1985 година италијанските власти го обвиниле Џели за помагање на Кјаие во планирањето на бомбашкиот напад во Болоња, при што загинале 85 луѓе, а биле ранети над 200. Обвиненијата кон двајцата паднале, но на крајот биле осудени за намерно попречување на истрагата за нападот. На Џели му била изречена казна до десет години затвор, која по жалба била намалена на седум.
Роберто Калви
На прв поглед, за Роберто Калви никој не би помислил дека членува во тајна незаконска организација. Познат како „човекот со леден поглед“, тој од обичен службеник се воздигнал во директор на банката Аброзиано, една од најголемите финансиски институции во Италија. Бил во особено блиски односи со Ватикан, оттаму и неговиот прекар „Банкарот на Бог“.
Но, под површината, Калви бил длабоко параноичен и несигурен човек, секогаш во потрага по моќни заштитници кои ќе го заштитат. Неговиот најран ментор бил Микеле Синдона, кој го внел во Пропаганда Дуе. Не поминало долго време, и тој набргу станал најценетата инвестиција на Џели, лесен извор за финансирање на Пропаганда Дуе и нејзините членови.
Паранојата на Калви не била без основа. На него навистина му била потребна заштита од законот. Иако Калви станал директор на банката, тој лично не бил богат човек. А сепак, неговата патолошка желба да контролира го терала да не може да биде обичен вработен. Така тој со години давал заеми на „компании духови“, коишто всушност биле компании контролирани од Калви, кој ги донесувал во Италија и ги откупувал нивните акции во банката родител. Така, на крај Калви ја купил банката со нејзините сопствени пари, во исто време зголемувајќи го нејзиниот профит и цената на акциите.
Планот истовремено бил брилијантно креативен и сосема глупав, бидејќи зависел целосно од стабилноста на валутата. Компаниите духови морале да оперираат со долари, додека акциите на Амброзијано се продавале во лири. Кога вредноста на лирата паднала, тајните компании претрпеле огромни загуби. И единствениот начин на кој Калви можел да ги скрие загубите е преку давање на уште поголеми заеми на тајните компании. Тоа бил маѓепсан круг. Парите кои завршиле во тие компании не се враќале во Амброзијано, но едноставно исчезнувале. Се претпоставува дека речиси половината од тие средства послужиле за финансирање на проекти на Ватикан. До 1982 година, 1.3 милијарда долари биле исперени преку вавки компании, и Калви бил многу исплашен.
-ПРОДОЛЖУВА-
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.