Во 1973 година, моќен политичар клекнал пред поранешен продавач на душеци од Тоскана; 10 години подоцна, продавачот на душеци едноставно си излегол од еден швајцарски затвор. Во 1980 година била срушена владата на Боливија; 22 години потоа, од Рим бил украден лаптоп. Во 1977 година, италијанска издавачка фирма била спасена од банкрот; 13 години подоцна, човекот кој ја финансирал зделката висел на мост во Лондон.

На кој начин би можеле да бидат поврзани овие настани? Сите тие биле поврзани со една тајна организација позната како Пропаганда Дуе (Р2). Историјата изобилува со теории на заговор, од кои повеќето се покажале како недокажани и невистинити, но овој заговор бил реалност, како и луѓето вклучени во него.

Микеле Синдона

ms01

Во 1979, Микеле Сандона бил очаен човек. И покрај гласините за неговите врски со мафијата и матни зделки, тој се воздигнал станувајќи најистакнатиот банкар, при што дури станал и финансиски советник на Ватикан. Но, се преценил кога се обидел да влезе на американскиот пазар, плаќајќи и натплатувајќи да ја преземе контролата врз Народната банка Френклин, којашто набргу пропаднала среде низа обвиненија за финансиски нерегуларности и директна кражба. Кога властите го затвориле случајот, Синдона се обидел да купи време лажирајќи негово киднапирање. Кога и тоа не успеало, се свртел кон најлошото. Ликвидаторот на неговите италијански бизниси бил застрелан в глава, и Синдона почнал да најавува дека ќе почне да соопштува имиња ако италијанските власти не ги откупат неговите долгови. Ништо не успеало. Во 1986 година бил мистериозно отруен, за време на издржувањето на шестата година од неговата затворска казна.

Истрагата во врска со случајот Синдона ги довела италијанските власти до Јозеф КРими, сицилијански доктор кој учествувал во лажното киднапирање. Полицијата особено се интересирала за неговото ненадејно патување во Тоскана за да се сретне со некој непознат бизнисмен по име Личо Џели. Во 1981 година тие добиле налог да ја пребараат вилата на Џели, надевајќи се дека ќе најдат доказ за неговата поврзаност со Синдона. Нашле многу повеќе од тоа.

Во заклучен сеф, полицијата нашла документи за тајната масонска ложа позната како Пропаганда Дуе. Нејзини членови биле тројца министри на владата, синот на последниот италијански крал, четириесет и тројца членови на италијанскиот парламент, директорите на три италијански разузнавачки служби, 213 високи армиски офицери, како и голем број на значајни фигури во светот на медиумите и бизнисот. Тоа било, како што изгледало, „држава во држава“, а нејзин водач бил Личо Џели.

Личо Џели

ms02

Никој не знае со сигурност како Личо Џели успеал да се здобие со моќ, ниту како ја користел кога ја имал во своите раце. Уште од млада возраст бил жесток антикомунист. На 17-годишна возраст се придружил на фашистичките сили на генералот Франко за време на Шпанската граѓанска војна. За време на Втората светска војна служел како офицер за врски во германската СС единица, при што се прочул со измачувањето на затворениците партизани. По војната веројатно помагал да се организираат каналите преку кои нацистите по кои била распишана потерница избегале од Европа. Но, Џели бил уште покомплициран од тоа. По неговото заробување од страна на Сојузниците, бил спасен од погубување од страна на комунистички лидер, кој изјавил дека Џели цело време тајно работел за Отпорот.

За време на 1950-те Џели повремено се вклучувал во политиката, но изгубил интерес и се вратил во неговата родна Тоскана, кадешто станал релативно успешен продавач на душеци за на крај да основа и своја фабрика за облека. Но, потајно Џели се издигнувал низ чиновите на италијанските масони. Во 1967 година добил дозвола да ја основа својата ложа, П2.

Преку неговиот заменик, Умберто Ортолани, Џели успеал да се спријатели со значајни личности од италијанските разузнавачки служби. Ова се покажало како плодно поле за уцени и Џели уживал во моќта која му ја донеле. Според Вани Нистичо, политичар од Социјалистичката партија, Џели дури успеал да набави слики со папата Јован Павле II во разголено издание, снимени крај неговиот базен, при што прокоментирал: „Погледни со какви проблеми си имаат тајните служби. Ако е можно Папата да се слика на овој начин, замисли колку лесно би било да се застрела.“

Од својата база во заедницата на разузнавањето, П2 ложата набргу ги раширила своите пипала во политиката, бизнисот и медиумите. Привлечноста на членувањето во ложата П2 била јасна: нејзините членови биле заколнати се помагаат помеѓу себе, а членувањето во неа бил сигурен пат кон здобивање со богатство и влијание. А над сѐ се надвиснувале податоците во рацете на Џели и моќта на неговата ложа. Штом Џели ќе им дадел некаков знак за постоењето на П2, многумина значајни Италијани едноставно решиле дека не можеле да си дозволат да не ѝ се придружат. До 1980-те, Џели станал доволно моќен за да наредува одржување на состаноци на највисоките воени заповедици во неговата приватна вила.

До времето на откривањето на неговата ложа, Џели станал веројатно најмоќниот човек во Италија. Но, што е тоа што тој го сакал? Дали бил мотивиран од желбата, како што тој самиот тврдел, „да го запре ширењето на комунизмот“ и да го спаси италијанскиот народ од себеси? Или можеби, како што еден член на П2 подоцна забележал, тој бил „прагматичар без никакви идеали…погледнато наназад, сфатив дека тој никогаш не сакаше силна влада. Во една силна влада посредниците не би можеле да играат никаква улога.“

Умберто Ортолани

ms03

Но, активностите на П2 не биле ограничени само на Италија. Неговата десна рака Умберто Ортолани се стационирал во Уругвај, кадешто станал амбасадор на Малтешките витези и поседувал значајна локална банка. Од Уругвај, Џели и Ортолани основале ложи низ цела Јужна Америка, којашто била плодно поле за трговија со оружје и перење пари. Во Аргентина, кадешто Ортолани станал голем медиумски тајкун, П2 дуе го помогнала враќањето на власт на Хуан Перон во 1973. За време на инаугурацијата на Перон, поранешниот италијански премиер Џулио Андреоти рекол дека го „видел Перон на колена пред Џели“.

За време на Втората светска војна Ортолани бил истакната фигура во италијанското воено разузнавање и одржувал силни врски во шпионскиот свет. Според канадскиот економист Р. Т. Најлор, неговата банка била клучен играч во планот на П2 да се обезвредни лирата преку извезување на капитал во Јужна Америка во спротивност со италијанските закони за контрола на националната валута. Кога пропаднал планот на овој начин да се дестабилизира владата, ложата го променила планот и се сосредоточила на „конструирањето на паралелна влада во чиишто раце би се нашла вистинската моќ.“

Исто така, се претпоставувало дека Џели и Ортолани одржувале деловни врски со Клаус Барби (на сликата погоре), озлогласениот нацистички „касап од Лион“. По неговото бегство од Европа кон крајот на војната, Барби се скрасил во Боливија, кадешто станал голем трговец со дрога. Исто така имал и врски со западните разузнавачки агенции и се фалел дека ја испланирал воената операција која резултирала со заробувањето на Ернесто Че Гевара. Во 1980 година, Барби и Стефано Деле Кјаие, терорист на италијанската крајна десница, биле клучни играчи во т.н. „Кокаински преврат“ кој за кратко време ја срушил владата на Боливија. Во 1983 година бил депортиран во Франција кадешто бил изведен на суд.

– ПРОДОЛЖУВА –

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено