Лина Медина се родила во 1933 година во сиромашно семејство во селото Тикрапо на перуанските Анди. И само пет години подоцна, Медина станала најмладата мајка во пишаната човечка историја. Нејзиниот случај сѐ уште се проучува во медицинските училишта низ целиот свет.

Еве ја нејзината трагична приказна.

d01

Кога Лина Медина имала пет години, нејзината мајка забележала дека стомакот на нејзината ќерка пораснал невообичаено голем, при што девојчето почнало да се жали на силни болки во стомакот. Нејзините загрижени родители ја одвеле на преглед во најблиската болница. Отпрвин лекарите мислеле дека Медина страда од тумор, но откако спровеле неколку тестови, тие утврдиле дека Медина некако забременила и е во седмиот месец на бременоста.

d02

Месец и половина откако се дознало дека е бремена, Медина се породила на возраст од пет години и седум месеци, со помош на царски рез, и на 14. мај 1939 година родила момче. Карлицата на Медина била премногу мала за да може да роди по природен пат.

d03

Синот на Медина бил целосно здраво бебе кое во мигот на раѓање тежело 2.7 килограми. Во чест на посветениот лекар кој помогнал во породувањето на нејзиниот здрав син, Медина на својот син му го дала името Герардо.

d04

При царскиот рез докторите забележале нешто вознемирувачко – Медина имала целосно созреани сексуални органи. Таа имала здравствена состојба наречена предвремен пубертет и почнала да се развива на алармантно рана возраст. Нејзиното медицинско досие открило дека почнала да добива менструација кога имала само три години.

d05

Герардо пораснал верувајќи дека Медина му е сестра, а не мајка. Но, кога наполнил десет години, ја дознал вистината.

d06

Набргу откако се дознало за нејзината бременост, таткото на Медина бил уапсен за кратко време, под сомнение за сексуално злоставување на дете и инцест, но поради недостиг на докази, наскоро бил ослободен. До ден денес не се познати околностите кои довеле до нејзината бременост и кој е таткото на детето на најмладата мајка на сите времиња.

d07

Акушерот Хозе Сандовал во својата книга за случајот на Лина Медина од 2002 година напишал дека во секој друг поглед медина била психолошки здраво дете. Всушност, како што пишува Сандовал, Медина повеќе сакала да си игра со кукли отколку со нејзиниот син.

d08

Герардо, синот на Медина исто така израснал во здрава и нормална личност, но умрел на четириесетгодишна возраст во 1979 година. На оваа фотографија од лево стои осумнаесетгодишниот Џерардо и до него неговата дваесет и тригодишна мајка Лина Медина.

d09

Медина подоцна се омажила за Раул Хурадо со кого добила друг син во 1972 година. Таа и нејзиниот сопруг сѐ уште живеат во Перу.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено