Низ целата планета се најдени предисториски локалитети, но некои од нив се толку мистериозни што археолозите и научниците доведуваат во прашање многу досега утврдени нешта. Еве некои такви примери.

Споменикот Јонагуни, Јапонија

ms01

Споменикот Јонагуни во Јапонија е е можеби еден од најинтересните праисториски локалитети во земјата и воопшто во светот, бидејќи се наоѓа под вода. Има вид на пирамида и се состои од неколку исправени скалила со столбови. Истражувачите не се сигурни за тоа кој ја изградил пирамидата, бидејќи тогаш кога тоа место било на копно, а не под вода, пред 8-10 000 години, владеело Леденото доба. Ако овој споменик не е некаков чуден природен феномен и бил изграден од луѓе, тогаш ова е една од најстарите градби на Земјата.

Обелискот во Асван, Египет

ms02

Обелискот бил изработен во древен Египет и за академската јавност претставува мистерија од повеќе причини. Пред се, обелискот тежи речиси 1200 тони и е висок речиси 42 метри – што е повисоко од една десеткатница. Никогаш не бил исправен, бидејќи има неколку пукнатини кои го компромитираат неговиот структурен интегритет, но самата негова големина го прави навистина впечатлив. Главното нешто што ги фасцинира луѓето неговата големина, наспроти фактот дека во тоа време немало технолгија со која тој би можел да биде поместуван.

Карначките камења, Франција

ms03

Камењата во француското село Карнак биле исправени во периодот 4500 и 3300 г. пр.н.е. и се најголемата збирка камења во светот. Има повеќе теории за тоа која била намената на овие 3000 камења. Некои веруваат дека биле насочени кон ѕвездите и служеле како некаков вид на календар, додека други сметаат дека биле сеизмички нструменти.

Долмените од Антекера, Шпанија

ms04

Во Шпанија има три древни локалитети кои се познати како Долмените од Антекера. Долмените се влезови во подземни гробници. Биле изгадени од огромни карпи и камени блокови – при што некои тежат и до 180 тони. Научниците знаат дека биле пренесени од место оддалечено повеќе од еден километар, но на кој начин, тоа сѐ уште останува мистерија. Покрај тоа, тие се украсени со уметнички мотиви што посочува кон тоа дека имале некакво културно значење за народот од тие времиња.

Олмечките џиновски глави, Мексико

ms05

Во Мексико биле најдени 17 џиновски глави. Сите тежат помеѓу 6 и 15 тони и се датирани во периодот 1500-1000 г.пр.н.е. Главите се изделкани со детални украси и се смета дека ги претставуваат водачите на моќните Олмеци. Но, други веруваат дека лицата наликуваат на африкански и дека биле создадени од древна африканска цивилизација која го посетила тој дел од светот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено