Велат дека подготовката е клучот до успехот, но се чини дека машкиот кошаркарски тим на Америка се загреваат на малку погрешен начин за нивното претставување во Рио. Најмалку тројца од машката репрезентација – ДеАндре Џордан, ДеМаркус Буги Казинс и ДеМар Дерозан – наводно биле фатени во бордел во градот.
Тројцата биле уапсени во Терми Монте Карло, место кое од Ролинг Стоун е опишано како „еден од најелитните бордели во Рио.“
Тие можеби биле во друштво со уште тројца други играчи, но тоа не е официјално потврдено. Според известувањата клубот се претставува како спа центар и на персоналот му е дадено упатство на клиентите кои се јавуваат да се претставуваат на тој начин. Единствениот показател за какво место всушност се работи е тоа што на потенцијалните клиенти им се кажува дека е само за мажи и дека има целосно опремен бар.
Кошаркарите велат дека буквално го сфатиле персоналот и не сфатиле каде влегуваат сѐ додека не пристигнале таму. Нивен претставик изјавил: „Тие сфатиле дека не е добро место за нив и веднаш си заминале.“
Но, сликите сведочат за малку поинаков тек на настаните, имено на една се гледа како Џордан ужива на шанкот, додека Казинс стои со една девојка која го опфатила околу половината. Извори од „спа центарот“ тврдат дека кошаркарите нарачале неколку пијачки внатре, но ништо друго. Дали тоа е навистина така, останува под знак прашалник.