Со секоја измината година слушаме сѐ повеќе за 3D печатењето и што сѐ може да стори таа технологија за нас. Постојат неизмерно многу најразлични нешта кои дизајнерите и производителите ги прават со помош на 3D печатачи.
Остварување на фантазиите
На почетокот 3D технологијата на печатење ја прегрнаа дизајнери како Волтер Класен, кои ја употребуваа да создадат модели на инаку неостварливо сложени дизајни инспирирани од фантастични идеи, како на пример овој пиштол кој навистина може да пука со ќорци.
Но сега сѐ е толку вистинско, и не сите огнострелни оружја пукаат ќорци
„Либератор“(ослободител) е пиштол за единечна стрелба направен целосно од пластика. Дизајниран е со помош на компјутерска програма CAD и објавен во 2013. Сега секој кој има пристап до 3D печатач и соодветни материјали може да изработи вакво оружје.
Дизајнерите почесто создаваат делови за оружје, наместо цело оружје
За поголемите оружја можат да се набават или изработат CAD датотеки за печатење на одделни делови.
Нов звук со стари тела
Овој Лес Пол модел на електрична гитара не е оригинален, туку е 3D печатена копија.
Не толку класично пиано
Не се изработуваат само гитари, туку и пиана и други видови на инструменти.
Макета на приновата
Јапонската компанија Фасотек создава 3D печатени модели од скеновите на неродените бебиња, овозможувајќи им на родителите поинаков увид во изгледот на нивните неродени деца.
Облици на храна какви што никој не може да произведе
Во 2013г. научници за храна од Лондон направија модели на колачиња и мешавина од брашно кое може да се користи како материјал за печатење.
Алат за секој занает
Ова не изгледа толку лудо, но што ќе кажете на фактот дека на овој начин се печатат алатки за Вселенската станица?
Модели на модели
За време на Интернационалниот саем на инженери во Чешка во 2013 беше прикажана макета на автомобил испечатена со 3D технологија.
Најновите трендови во технолошката мода
Многу модни дизајнери почнаа да ги употребуваат 3D печатачите за печатење на модни додатоци.
Намалување на трошоците за роботиката
Компаниите кои произведуваат роботи почнаа да ја употребуваат оваа технологија поради драстичното намалување на трошоците кое таа го овозможува.
Ново засолниште
Дали за уметнички или практични цели, многумина ја употребуваат оваа технологија за изработување на куќи.
Нови можности за хендикепираните
9-годишната Ана Квињонес ја покажува нејзината 3D протеза изработена во Денвер, Колорадо.
Предоперативни операции
Новата технологија им пружа нови можности и на хирурзите и лекарите, кои сега имаат нови начини на располагање за вежбање на операциите кои треба да ги изведат.
Оригинални автомобили
Ќе кажете дека макетите на автомобили се интересни, но не се ништо особено, но функционалните модели како оваа кола изработена во Сингапур се сосема друга приказна.
Уште поефтин ефтин транспорт
Да не ги забораваме и велосипедите. Дизајнерите и уметниците создаваат нови модели на велосипеди кои покрај својата атрактивност, овозможуваат ефтин превоз за секого.