Никола Тесла бил роден во 1856 година во с. Смилјан, во планинскиот регион Лика, денешна Хрватска, а тогаш Австроунгарија. Се преселил во САД, кадешто се прославил со своите достигнувања како пронаоѓач и футурист, создавајќи си имиџ во популарната култура како архетипски „луд научник“.
Еве поглед наназад кон најневеројатните и најзначајни изуми на Никола Тесла
Зракот на смртта
Најозлогласениот пронајдок на Никола Тесла постоел само теоретски – зракот на смртта. Тесла во 1930-те тврдел дека измислил направа со која може да се создаде силен енергетски зрак кој може да се насочи кон непријателските авиони и возила. Т.н. „зрак на смртта“ никогаш не бил конструиран, иако Тесла ги прикажал плановите за уредот на разни воени организации во САД.
Бежична енергија
За време на Светскиот Експо во Чикаго во 1983, Тесла го демонстрирал бежичното пренесување на електрицитет, запалувајќи серија фосфорни светилки во процесот кој тој го нарекол електродинамична индукција. Тесла теоретизирал дека таа технологија би овозможила да се спроведува енергија на голема оддалеченост во атмосферата, снабдувајќи ги далечните краишта со електрицитет.
Машина за земјотрес
Во 1893, Тесла патентирал електричен генератор на парен погон наречен осцилатор. Подоцна Тесла тврдел дека една верзија на осцилаторот е достаточно моќна да предизвикува земјотреси. Подоцна тврдел дека со помош на тој осцилатор предизвикал земјотрес во Њујорк во 1098 година, кој во популарната култура останал запомнет како Теслин земјотрес. Тесла тврдел дека ја уништил машината, а своите помошници ги натерал да се заколнат дека ќе молчат.
Електричен мотор
Во 1887 година, Тесла патентирал дизајн индуктивен мотор без комутатор. Употребувајќи мотор со ротирачки магнетни полиња, пронајдокот овозможил движење на уреди како вентилатори, пумпи и други домаќински апарати. Една од најновата и најпопуларна употреба на овој негов пронајдок, еден век подоцна, е во автомобил брендиран со неговото име, Тесла Моторс.
Ласери
Иако е нејасно кој ги измислил првите ласери, некои од најраните истражувања на ова поле биле спроведени од Тесла, најчесто во врска со неговиот зрак на смртта и други теории за футуристички оружја. Неговата работа инспирирала други истражувачи, кои на овој принцип му дале поинаква, помирољубива намена.
Наизменична струја
Најзначајниот пронајдок на Тесла бил моторот и преносниот систем на наизменична струја. Методот на пренос на електрична струја бил демонстриран во 1893 година во Чикаго, со кој се спротивставил на Томас Едисон и неговите бизнис партнери, кои ја поддржувале еднонасочната струја, што предизвикало војна на препукувања помеѓу двајцата пронаоѓачи, во која победил концептот на Никола Тесла, и денес наизменичната струја ги снабдува домовите со енергија.
Далечински управувач
Тесла учествувал и во првите истражувања на радио пренос кои резултирале со пронаоѓањето на првото бродче на далечинско управување, демонстрирано во 1890 година. Со помош на неколку батерии, прекинувачите управувани со радиосигнали управувале со контролите и моторот на бродчето. Со овој свој пронајдок, Тесла ја најавил иднината со роботи кои ќе работат за луѓето.
Теслин трансформатор
Во 1891, Тесла измислил еден од неговите најголеми пронајдоци – Теслиниот трансформатор, кој овозможувал производство на електрични струи и со помош на кој тој ги извел своите експерименти со осветлување, рентгенско снимање и електротерапија.
Х-зраци
Иако германскиот физичар Вилхелм Рентген се смета за пронаоѓач на Х-зраците, наречени според него и рентгенски зраци, Тесла експериментирал со овој концепт отприлика во исто време како и тој.