Балканот е богат и интересен регион со луѓе од повеќе националности и малцинства за кои што голема е веројатноста да не сте запознаени со нивната култура и обичаи.

Горанци

Горанците се населени во регионот Гора, триаголник Република Македонија, Косово и Албанија. Тие се дел и од македонскиот народ и се словенска муслиманска етничка група, која зборува на свој дијалект, Горанскиот како дел од периферните западни македонски дијалекти од западното наречје. Во Гора според статистиките живеат околу 7.000 Горанци.

Помаци

Помаците се етничка група која живее во Бугарија, североисточна Грција и северозападна Турција и Македонија. Се смета дека Помаците потекнуваат од Бугарите кои го прифатиле исламот за време на османлиското владеење на Балканот. Во Бугарија има околу 130.000 Помаци.

Јањевци

Јањевци се изјаснуваат како етнички Хрвати. Се верува дека заедницата настанала од миграција на трговци од Република Рагуса (Дубровник и нејзината внатрешност), кои се населиле во областа во 14 век, кога денешното Косово било дел од средновековната Србија. Тие ја задржале својата Католичка вера низ сите векови и во Косово се признаени како етничко малцинство, додека во Србија нерешен статус. Бројот на Јањевци кои живеат денес во Јањево е многу мал, а се смета дека вкупно има околу 10.000 Јањевци.

Мијаци

Мијаците се етнографска група на етнички Македонци кои живеат во Мијачијата долж реката Радика, во западна Македонија. Мијаците практикуваат претежно сточарство и се познати по својата црковна архитектура, обработка на дрво, иконописното творештво и други богати традиции, како и нивниот Галички дијалект.

Панонски Русини

Русините се словенско малцинство во Србија и во Хрватска. Тие официјално се сметаат за посебна националност во Србија и Хрватска. Тие исто така се сметаат за дел од северните Русини (Рутенци) кои живеат претежно во Украина и во Словачка, Полска, Романија, Чешка и Унгарија. Русините се претежно од гркокатоличка вероисповед и имаат свој Русински јазик.

Босански Полјаци

Босанските Полјаци се едни од 17 уставно признаени етнички малцинства во Босна. Тие пристигнале за време на австро-унгарското владеење во Босна и се населиле претежно во северниот дел, носејќи нова технологија и квалификувана работна сила. Босанските Полјаци, кои емигрирале во Полска одржале дел од босанската култура, како што се одредени песни, рецепти и јазик. Во 1930-тите имало 30.000 Босански Полјаци, а околу 15.000 на крајот од Втората светска војна, додека денес има само околу 1.000 Босански Полјаци.

Шокци

Шокци се етнографска група на јужни Словени главно идентификувани како Хрвати и се од римокатоличка вероисповед. Тие зборуваат на свој дијалект кој е тесно поврзан со оној на Буњевци. Денес Шокците се изјаснуваат како Хрвати а не како посебна група и поради тоа нивниот број не е познат.

Буњевци

Буњевци се етничка група која живее најмногу во регионот Бачка во Србија (провинција Војводина) и јужна Унгарија (округот Бач-Кишкун, особено во регионот Баја). Тие веројатно потекнуваат од западна Херцеговина, од каде што се преселиле во Далмација, а од таму до Бачка во 16 и 17 век. Нивната националноста била официјално признаена како малцинска група во Србија во 1990 година. Денес има околу 18.000 Буњевци.

Торбеши

Торбешите се Македонци-муслимани, кои говорат на македонски јазик. Терминот „Торбеши“ во некои случаи има негативна и погрдна конотација. Торбешите имаат своја посебна култура се добро познати како фреско-сликари, копаничари и изработувачи на мозаик.

Сподели на Facebook
пати видено