Домашно пиво, цвеќиња набрани во природа, рециклирани столици и свадбена торта направена лично од невестата! Кога 30-годишната Кат Клу и 27-годишниот Мајкл Маолун кажале дека сакаат едноставна и скромна венчавка, очигледно никој не ги разбирал што сакаат да кажат со тоа. Невообичаената свадба била осмислена така што двојката максимално да ужива со нивните најблиски. Органска свадба во вистинска смисла на зборот.
„Беше супер опуштено и најважно од сѐ беше да се видиме со семејството и пријателите и да им покажеме каде бевме овие две години“, велат младенците кои живеат во Тасманија. „Не сакавме да бидеме во центарот на вниманието и едноставно сакавме една убава, опуштена прослава.“ Бујните, раскошни тасманиски шуми ја понудиле совршената позадина за оваа целосно природна церемонија.