Британското најголемо семејство се проширува уште повеќе, бидејќи родителите на седумнаесет деца, Ноел и Сју Редфорд сега очекуваат ново внуче. Нивната најстара ќерка Софи (21) е бремена со нејзиното трето дете. Но, таа вели: „Ова дете бездруго ќе ни биде последното. Но, не можам да го кажам истото за мама и тато.“
Редфордови не се познати само по нивното огромно семејство. Во Англија тие се познати по тоа што одбиваат да примаат помош од државата и наместо тоа се издржуваат со нивната успешна пекарница.
Софи, која е мажена за нејзиниот сопруг, 22-годишниот Џо, исто така помага во семејниот бизнис.
„Мама секогаш се шегува велејќи ми дека сигурно нема да застанам на три деца. Таа мисли дека ќе родам осум, но тоа воопшто нема да се случи. Кога им кажавме за нашето трето бебе, таа беше воодушевена, таа е секогаш среќна кога ново бебе ќе дојде на свет. `Се обложувам дека ова ќе биде момче` – рече таа тогаш и имаше право.“
За издржувањето на ова огромно семејство, Редфордови трошат околу 30 000 фунти годишно, при што за роденден децата добиваат 100 фунти, а за Божиќ од 100 до 250 фунти. Исто така, секоја година заминуваат на одмор во странство. Сју првпат забременила кога имала само тринаесет години.