Еден млад човек се шетал во шумата, но се загубил. Скитал, скитал и стигнал до некоја куќа. Тропнал на вратата. Му отворил еден кинески дедо со долга бела брада.
– Може ли да преноќам кај вас? – замолил младичот.
– Секако! Но под еден услов. Ако дури и со прст ја допреш ќерка ми, ќе бидеш изложен на најжестоката кинеска тортура.
– Добро! – се согласил изгубениот и влегол во куќата.
За време на вечерата, тој не можел да тргне очи од ќерката на домаќинот… забележал дека и таа постојано го гледа. Сепак, се присетил на заканата на старецот, па му одолеал на искушението и откако вечерал си легнал. Во текот на ноќта тој не можел да заспие поради преголемата желба и решил тивко да се прикраде во собата на ќерката, со надеж дека таа го чека, а нејзиниот татко ништо нема да почувствува. Наутро тој на прсти се вратил назад во својот кревет и заспал – уморен и среќен. Се разбудил од некаква тежина на градите. Тоа бил голем камен со натпис:
– Кинески мачење број 1: Голем и тежок камен на градите.
„Каква е оваа глупост“, си помислил младиот човек, „ако ова е најдоброто нешто што старецот може да го смисли, немам од што да се плашам“.
Го зел каменот и го фрлил надвор од прозорецот. Таман го фрлил забележал друга белешка:
– Кинески мачење број 2: Каменот е врзан за вашиот лев тестис.
Младичот испаничил… погледнал низ прозорецот и видел дека конецот со кој бил врзан каменот наскоро ќе се оптегне, па на брзина решил дека е попаметно да искрши некоја коска, отколку да остане без левиот тестис. Тој скокнал од прозорецот, а додека паѓал видел еден голем натпис:
– Кинеско мачење број 3: Вашиот десен тестис е врзан за ногарката на креветот!