37-годишниот Виктор Лишавски е обвинет за повеќе од 900 точки за силување и насилни сексуални дејства, главно извршени врз девојчиња на возраст од 13 или помалку години додека им бил старател. Се тврди дека Виктор злоупотребувал пет малолетни девојчиња кои биле во негова грижа и ги третирал како „личен харем“ и „сексуални робови“.
Чудовиштето било притворено во јуни минатата година, но сега е идентификуван бидејќи се откриени повеќе детали за неговите наводни криминални дела. Ако биде осуден, тој ќе биде најужасниот педофил во Русија, се вели во извештаите.
Преку ден работел во својата продавница за поправка на чевли, но ноќе редовно ги напаѓал адолесцентните девојчиња кои биле во негова грижа, во период од пет години. Тој бил упасен откако едно од девојчињата се пожалило на наставничката. Другите малолетни девојчиња во неговото згрижувачко семејство потоа споделиле детали за тоа како ги носел еден по еден во стан и сексуално ги злоупотребувал.
Тој е обвинет за 248 силувања и 358 „насилни сексуални дејства“ против девојчиња на возраст од 13 или помалку, според пропишаниот обвинителен лист. Дополнително, тој се соочува со обвинувања за уште 22 „насилни дела од сексуална природа“ против девојчињата на возраст под 14 години. Лишавски, наводно, извршил уште 11 силувања или други брутални сексуални напади во кои тој се заканувал со убиство. Овие биле со „голема суровост“, според обвиненијата. Неколку други обвиненија се однесуваат на мачење на девојчињата и злоупотреба на неговата улога како старател.
Исто така, во друг процес Лишавски е обвинет за уште 122 кривични дела од „сексуална природа со употреба на насилство или закана од насилство“ и 151 обвинение за „сексуален однос искористувајќи ја беспомошната состојба на жртвата“, извршени врз малолетни девојки помеѓу 14 и 17 години.
Социјалните служби во регионот Хабаровск исто така се обвинети за небрежност за ставањето ранливи деца, вклучувајќи ги и сираците под негов надзор. Лишавски и неговата сопруга Олга имаа три биолошки деца и згрижиле уште девет млади. Против Олга уште не се поднесени обвиненија.
Кога случајот првпат се појави, официјални лица изјавија дека еден неименуван маж бил обвинет за 729 сексуални злосторства, но сега бројката изнесува 919. Од Социјалните служби велат дека во првата година направиле пет инспекции и семејството функционирало добро, што дури се појавиле и на локална телевизија за да покажат како едно семејство може да придонесе во заедницата. Девојчињата кои што биле злоупотребувани од монструмот сега се вратени во сиропиталиште.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!