Ако се суди според сите диви животни кои досега биле фатени на (или близу) островите, животот на Филипинците не е лесен. Џиновските ајкули човекојадци не се единствените чудовишта за кои треба да се грижат, тука се и чудовиштата на суво. Запознајте се со џиновскиот филипински крокодил.

Во 2011, жителите на едно мало село близу Манила, главниот град на Филипините, успеале да го фатат најголемиот крокодил на светот.

kr01

Чудовиштето со должина од 6.5 метри и тежина од 1 тон ја тероризирало областа со години. Откако се посомневале дека крокодилот е виновникот за смртта на еден локален рибар и исчезнувањето на сточни животни, група од 100 локални жители тргнале еднаш за секогаш да го решат проблемот со ѕверот.

Philippines Killer Crocodile

После цел ден борба, тие успеале да го фатат крокодилот со помош на челични мрежи и да го извлечат од малата рекичка во која се криел. Потоа го врзале со цврсти јажиња и го качиле во приколка со помош на кран.

kr03

Наместо да го убијат, селаните решиле да го донираат животното во паркот за еко-туризам во соседниот Агусан. Се разбира, откако ја искористиле приликата да го овековечат нивниот подвиг.

kr04

За жал, величествениот ѕвер умрел во 2013, две години откако бил донесен во еко-паркот.

kr05

Сподели на Facebook
пати видено