Книгите се најголемото богатство за луѓето и од нив можат да се научат многу работи, за живото, за минатото, па и за иднината. Со нив се едуцираме и го збогатуваме нашиот речник. Иако популарноста на книгите денес се намалува сепак низ историјата постојат книги кои оставиле огромен впечаток.
1. Најскапата книга во светот
Според Форбс, Бил Гејтс ја поседува најскапа книга што некогаш била продадена. Во 1994 година тој платил неверојатни 30.8 милиони долари за книгата “Codex Leicester” на Леонардо Да Винчи. Овој оригинален рачен ракопис, создаден во периодот 1506 – 1510 година, е еден од 20-те ракописи на да Винчи, кои се сочувани. Книгата содржи скици, забелешки и идеи – сите тие напишани со неговиот „огледало ракопис“, односно текстот се чита од десно кон лево.
2. Највредна книга во светот
Гутенбергската Библија се смета за највредна книга во светот. Тоа беше првата печатена книга (околу 1455), преку процес кој го револуционизираше трговијата со книги. Првично биле испечатени само 180, од кои до денес преживеале само 49 книги. 21 од преживеаните се целосни. Речиси сите книги на Гутенберг се во сопственост на музеи, библиотеки или институции, но бидејќи тие се сметаат за исклучително вредни, доколку се продаваат на аукција, една од нив ќе има почетна цена од милиони долари.
3. Најголемата книга во светот
Најголемата книга во светот, всушност, не е книга во традиционалната смисла на зборот, туку серија огромни камени плочи, лоцирани во Мјанмар. Плочите, кои бројат над 700 (од кои секоја е со височина од 1,5 метри и 1 метар ширина) ја раскажуваат историјата на tipitaka – основниот текст во Теравада (најконзервативната школа во будизмот). Кога биле создадени околу 1860 година, натписите на плочите биле полни со златни мастила и украсени со скапоцени камења, но кога Британците извршиле инвазија во 1880 година, нивните војници ги ограбувале накитите и златото. Во Гинисовата книга на рекорди најголемата книга е последното пророштво на пророкот Мухамед со 4,9 метри на 8 метри, но тоа е стандардна книга.
4. Најдолгата книга во светот
Се смета дека најдолгата објавена книга во светот е “Artamene, ou le Grand Cyrus” на Маделин и Жорж де Скудери. Ова е романтичен роман од 17 век кој има 10 тома, над 10.000 страници и 2.1 милиони зборови. И за да направиме споредба, „Војна и мир“ содржи околу 560 000 зборови.
5. Најмалата книга во светот
Најмалата книга во светот е толку мала што може да се чита само со електронски микроскоп. “Teeny Ted from Turnip Town” е напишана од Малколм Даглас Чаплин. Има 30 страници и нејзината големина е 70 микрометри на 100 микрометри. Таа е толку мала што може да ја собере врз ширината на човечкото влакно.
6. Најпродаваниот роман во светот
„Приказна за два града“ на Чарлс Дикенс, објавена во 1859 година, е најпродаван роман на сите времиња, продавајќи над 200 милиони примероци ширум светот. Ако треба да се погледне во сегашно време или барем во сосема блиското минато, трилогијата “Fifthy Shades of Grey” ( „50 нијанси на сиво“) достигнува 100 милиони продадени примероци, а од „Хари Потер“ на Џ. К.Роулинг се продадени над 450 милиони копии.
7. Најпродаваната книга на сите времиња
Со сигурност можеме да кажеме дека Библијата е најпродаваната книга на сите времиња, бидејќи се верува дека се продадени повеќе од 5 милијарди копии од неа. Покрај тоа, таа е целосно преведена на повеќе од 394 јазици, а 2123 јазици имаат барем еден преведен примерок.