Зоки Поки и Лидија доживеале длабока старост. На денот кога Лидија наполнила 100 години, му вели на мажот си кој има 99:
– Мил мој Зоки, пред да ме земе Господ, сакам да ти ја кажам мојата последна тајна. Качи се на таванот и донеси ми ги двете кутии лево до скалите.
Се качува човекот и по кратко време се враќа со 2 кутии. Во едната има 2 јајца, а во другата 250.000 евра. Гледа и се чуди.
– Душо, какви се овие две јајца?
– Види сега драги. Во брак сме 78 години и јас секој пат кога ќе останев незадоволена од тебе, ставав во кутијата по едно јајце.
Дедо Зоки се насмевнал задоволен, демек само 2 пати не успеал да ја задоволи, почнал да ги сучи мустаќите и гордо прашал:
– А овие 250.000 евра од каде ти се?
– Чекај, не сум завршила де… Секој пат кога кутијата ќе се наполнеше со јајца, одев на пазар и ги продавав.

Сподели на Facebook
пати видено