25-годишниот Физан Хамид Чодери, најголемиот интернет измамник на Британија се збогатил толку многу со неговата измама вреда 131,6 милиони евра што себеси се опишувал како „крал“ и патувал околу светот за да се забавува со поп ѕвезди. Целиот со златен накит, позирал како голем музички продуцент и дизајнер на имот, поседувајќи луксузни автомобили како бентли, ролс-ројс, ламборџини и порше.

Чодери потрошил милиони на иот во Пакистан, Дубаи и Шкотска, купил ролекс од 50 000 евра, и уживал на луксузни одмори на Блискиот Исток каде што се сликал како си се шета во пустината со тигар. Но, лесно е да се расипуваш со туѓи пари. Имено, тој одрал 750 британски фирми за да може да го финансира својот животен стил на плејбој милионер. Собирајќи 3 милиони фунти месечно преку измама, тој уништил стотици животи и довел мали фирми на работ на банкрот – при што една од жртвите дури извршила и самоубиство.

Вчера тој бил затворен на 11 години затвор, Чодери, со помош на своите соучесници користел доверливи информации за да ги измамат луѓето дека им се јавува од нивната банка. На клиентите им велел дека нивната сметка е хакирана, па поради тоа треба да ја кажат својата лозинка преку телефон. Потоа со помош на софистициран софтвер биле испразнети нивните сметки. И потоа толку се внел во својата улога на милионер, што довел свои лични слуги од Шкотска на неговото патување во Пакистан за да се грижат за неговите автомобили.

im01 im02 im03 im04 im05 im06 im07 im08 im09 im10

Сподели на Facebook
пати видено